- На фотографијата Стојна е поставена пред Порта Македонија со импровизирана наплатна рампа.
- Пораката гласи: „Немој да ми кружите преку калето за да не платите“.
- Објавата доаѓа по нејзиното гостување во „Претрес со Ландов“, каде ја бранеше наплатата кај Камените Кукли.
Стојна Димитровска-Бот на својот Фејсбук-профил сподели фотомонтажа изработена со вештачка интелигенција, на која е прикажана во комитска облека пред Порта Македонија. На сликата има рампа, маса со пари и каса, а над портата стои натписот „Стојна“.
„Немој да ми кружите преку калето за да не платите“, напиша таа, алудирајќи на расправиите околу пристапот и наплатата кај Камените Кукли.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Шегата доаѓа по полемиката за Камените Кукли
Објавата следува по нејзиното гостување во емисијата „Претрес со Ландов“, каде Димитровска-Бот категорично порача дека нема да се откаже од наплатата кај локалитетот Камени Кукли.
Таа тогаш објаснуваше дека не станува збор за класични влезници, туку за пакет услуги што опфаќа туристички информации, паркирање и користење приватно земјиште. Според цените што ги наведе, домашните посетители плаќаат 120, а странските 240 денари.
Во разговорот откри и дека предложила единствена цена од пет евра за сите посетители, без разлика дали се од Македонија или од странство.
Прашањето за наплатата беше отворено и преку снимки и документи со кои водителот ја соочи Димитровска-Бот. Таа ги отфрли обвинувањата за неовластено користење на просторот и нелегална наплата, тврдејќи дека има право да ги наплаќа услугите и користењето на приватното земјиште.
Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА
(К.М.)








