Една држава, две политики: Некаде училиштатата работат и со само еден ученик, додека во друга општина се затвораат и тие со над 600 ученици

Општина Битола ги уважи барањата на родителите и дозволи во две села училиштата да бидат отворени и да работат, иако има само по еден ученик. Во Карбинци беше затворено подрачно училиште со 13 ученици и покрај неколкуте протести на родителите
Една држава, две политики: Некаде училиштатата работат и со само еден ученик, додека во друга општина се затвораат и тие со над 600 ученици
  • Во училиштето во Вељуса, Струмица има само едно прваче
  • Во Штип падна одлука да се затвори цело едно училиште со над 600 ученици во процес кој ќе трае пет години

Фотографија на единственото прваче во училиштето во селото Вељуса денеска е илустрација за почеток на учебната година во Струмица. Општината оваа година ја оптимизираше училишната мрежа, со тоа што ова училиште до скрати со паралелките од шесто до деветто одделение. Учениците од повисоките одделенија ќе патуваат секој ден до Струмица, помалите ќе учат во селото.

Слушајте радио во живо

На другиот крај од државата, во Битола,  две подрачни училишта иако имаат по само еден ученик,  ќе продолжат да работат. Се работи за училиштата во селата Поешево и Кременица, каде родителите бараа нивните деца да останат во селските училишта. Но, три други подрачни училишта – во Породин, Канино и Дихово се затворени.

Прочитајте и за ова:

Привремено се затворени 24 училишта – затворањето ќе продолжи,  вели Јаневска

Во штипско пак сосема друга приказна. Иако има над 600 ученици, ООУ „Гоце Делчев“ сосема ќе се затвори во наредните пет години. Оваа година, нема првачиња и шестооделенците, туку се прераспределуваат во другите училишта. Има бесплатен превоз само за учениците кои живеат над два километри. Формирани се комбинирани паралелки во подрачните училишта во Лесковица, Почивало, Македонка и Три Чешми.

На строгите барања за оптимизација не отстапи ни општина Карбинци. Подрачното училиште во Долни Балван сосема се затвора, а децата ќе патуваат до соседното Таринци. Тука, за разлика од Битола, не беа уважени барањата на родителите децата да учат во селото каде живеат. Не помогнаа ни неколкуте протести. Ова училиште на први септември е со катанец на вратата.

Оваа година во клупите има 3000 првоодделенци помалку, а затворени се 26 училишта.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ