- Доколку продолжат лошите демографски трендови, ќе има затворање на уште училишта
- Родители протестираа во дел од помалите места, барајќи училиштата да продолжат да работат
По некои од општионските одлуки да се затворат училиштата, како тоа во карбинското село Долни Балван, родителите протестираа, со барање да работи училиштето.
Власта повторува дека демографскиот пад и сè помалиот број ученици доведоа до привремено затворање на 24 училишта во земјава. Процесот, пак, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, е насочен пред сè кон обезбедување поквалитетно образование и подобри услови за социјализација на децата.
Слушајте радио во живо
Јаневска објасни дека во дел од училиштата наставата се одвива со само две, три или пет деца, најчесто во комбинирани паралелки. Наместо децата да останат во изолирана средина, тие се пренасочуваат во најблиското училиште.
„Со единствена цел – добробит на децата, нивна социјализација, дружење, излегување од балонот на нивното секојдневно живеење и надминување на стереотипите“, рече Јаневска.
Прочитајте и за ова:
До 2031 година да се затвори ООУ „Гоце Делчев“ – Штип: Увид во документот
Прочитајте го и ова на темата:
Министерката предупреди дека доколку продолжи актуелниот демографски тренд, затворањето на училиштата ќе продолжи и во иднина.
Јаневска порача дека демографијата е поширок проблем кој не може да се реши само со мерки во образованието. Според неа, потребна е поголема свест за значењето на човечкиот капитал, не само за развојот на државата, туку и за квалитетот на животот на граѓаните.
„Ако продолжиме вака, постојано ќе затвораме училишта“, предупреди Јаневска, нагласувајќи дека намалувањето на бројот на деца е сериозен демографски предизвик за земјата.
Јаневска посочи дека решението не е само во образовните политики, туку и во создавањето услови младите семејства да останат и да создаваат иднина во земјава.
На првиот училишен ден, во училиштата влегоа 238.000 ученици. Од таа бројка, 174.000 се во основно образование и 64.000 во средно образование.





