Познатиот синџир маркети „Лидл“ потврди дека изминатите денови е извршен сајбер напад врз нивниот надворешен давател на ИТ услуги, при што се откриени податоци за клиентите, вклучувајќи имиња, телефонски броеви, е-адреси, датуми на раѓање и броеви на клиенти. Сепак, лозинките, деталите за плаќање и адресите не се загрозени. Во соопштение, компанијата предупредува на ризиците од фишинг и повикува на претпазливост во врска со обидите за измама со идентитет. Инцидентот беше брзо локализиран, пријавен на властите и истражен од форензички експерти. „Лидл“ управува со околу 12.900 продавници во 32 земји во Европа и САД.
„Бевме известени за овој инцидент на почетокот на неделата“, се вели во машински преведеното известување. „И покрај високите стандарди за ИТ безбедност, непознати лица накратко добија пристап до посебно складирана датотека со податоци за клиентите и дел од податоците беа украдени. Самиот систем на онлајн продавницата не беше засегнат“, стои во известувањето за повреда на податоци објавено на своите веб-страници во Холандија, Белгија и Германија.
Што значи, доколку сте купувале во овие три земји и сте оставиле податоци, може да сте на листата на хакерите. Лидл најави дека засегнатите ќе добијат известување на мејл за внимателност.
Компанијата не прецизираше кој давател на ИТ услуги бил цел на нападот или колку луѓе биле погодени. Само рече дека компанијата „реагирала веднаш“ и „презела потребни чекори“ за да ја врати целосната безбедност на погодените системи. Компанијата, исто така, поднесе извештај до надлежните органи и повика експерти за ИТ-форензика да го истражат инцидентот.
Исто така, се известени и локалните власти, како што се Холандскиот орган за заштита на податоци или белгискиот „надлежен надзорен орган за заштита на податоци“.
Засегнатите клиенти беа директно известени преку е-пошта, а инцидентот беше пријавен до надлежните органи за заштита на податоци.









