Тачи осуден за убиства, тортура и незаконско затворање
Судот утврдил злосторства врз најмалку 385 лица
Осудени и Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими
Хашим Тачи беше прогласен за виновен за злосторства извршени од припадници на етнички албанската Ослободителна војска на Косово за време на вооружениот конфликт меѓу Ослободителната војска на Косово со тогашната СР Југославија во 1990-тите.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Според судот, Тачи е прогласен за одговорен и за убиството на 96 политички противници и лица за кои се сметало дека соработувале со српските безбедносни сили. Убиствата, според пресудата, ги извршиле припадници на ОВК.
Судот утврдил воени злосторства врз најмалку 385 лица
Претседавачот на судскиот совет на Специјализираните совети на Косово во Хаг соопшти дека обвинителството надвор од разумно сомневање докажало дека поранешните лидери на т.н. ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими – извршиле воени злосторства врз најмалку 385 лица.
Судот, сепак, наведе дека обвинителството не успеало да докаже дека четворицата обвинети извршиле злосторства против човештвото.
Во рамките на постапката биле разгледувани обвиненија за убиства, незаконски апсења и лишување од слобода, сурово постапување и тортура.
Осудени и останатите тројца лидери на ОВК
Покрај Тачи, на затворски казни се осудени и останатите тројца обвинети.
Јакуп Красниќи е осуден на 25 години затвор. Тој е прогласен за виновен за незаконско апсење и лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиство, како воени злосторства.
Кадри Весели е осуден на 18 години затвор, додека Реџеп Селими доби казна од 13 години затвор.
Изрекувањето на пресудите во Хаг претставува завршница на првостепената постапка против четворицата поранешни лидери на ОВК. Тачи и останатите обвинети во текот на процесот ги отфрлаа обвиненијата против нив.
Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА
(К.М.)









