Сопруги, мајки, девојки… За 24 часа дури 15 случаи за семејно насилство!!

Фото: Фрипик

Насилствата не се намалуваат, се уште има нападнати сопруги, мајки, девојки. За 24 часа МВР регистрираше дури 15 насилства.

Ова се насилниците:

На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.

На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга.

На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар.

На 14.11.2026 во 09:45 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.С.(59) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неговата 91-годишна мајка, а на неговиот 63-годишен брат му упатувал закани.

На 14.11.2026 во 18:45 часот полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода М.О.(37) од гостиварско, по претходна пријава дека во 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга.

На 14.11.2026 во 17:50 часот на ул. „Јордан Јорданоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(56) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека упатувала закани на неговиот 31-годишен син В.Б. (31) од гостиварско.

На 14.11.2026 во 16:50 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.Р.(42) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга.

На 14.11.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.М.(62) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга.

На 14.11.2026 во 14:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 33-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен поранешен невенчан сопруг дека физички го нападнала. Подоцна, и таа пријавила дека била физички нападната од него.

На 14.11.2026 во 17:55 часот на ул. „15 Kорпус“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода е В.Б.(34) од Скопје, со престој во Охрид, по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата девојка.

На 14.11.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(19) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. На 14.11.2026 во 15:20 часот полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.И.(65) од Скопје, по претходна пријава во 13:30 часот, поради тоа што на 13.11.2026 околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга. Според пријавеното, таа ѝ претходно била физички нападната од истиот.

На 14.11.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека ноќта околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг Н.К.(50) од Скопје, со кого се во бракоразводна постапка, физички го нападнал нивниот 16-годишен син.

На 14.11.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 14:40 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош во Скопје, на него и на неговата 42-годишна сопруга им биле упатувани закани од нивниот 18-годишен син Д.С. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.11.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неговата 36-годишна сопруга Б.Д., која фрлала кон него разни предмети и употребила тврд предмет. Според пријавеното, истата се обидела да ја нападне и нејзината свекрва.

По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ