Уште еден македонски синџир маркети оди до раце на фирма од Косово  

До Комисијата за заштита на конкуренцијата пред три дена е доствено известување за концентрација со која косовската компанија „Проекс Интернационал“ го купува скопски „Тинекс“
Marketi Proex
Uste edna kosovska firma kupuva makedonski lanec marketi
  • Двете компании на 2 јули склучиле Писмо на намери
  • „Проекс Интернационал“ е втор по големина синџир маркети
  • „Тинекс“ располага со 44 маркети

Двете компании на 2 јули склучиле Писмо на намери во кое се согласиле за главните комерцијални услови и структурата на предвидената трансакција. Косовската компанија ги купува фирмите под називи „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“ („Бизнис“).

Групацијата на „Тинекс“ располага со 44 маркети во Скопје и во седум други градови во државата. Лани забележа загуба од 3,5 милиони евра.

Слушај радио на https://radio.kanal77.mk/#samohitovi

На косовскиот купувач, „Проекс Интернационал“ од Пришитина, Косово главна дејност му е трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалаци и тутунски производи.  Управител е Шаип Микуловски, кој заедно со членови на семејството има уште три други големи компании и три трговски центри во Косово. Лани приходите на компанијата изнесувале над 83 милиони евра.

Во 2023 година, Европската банка за обнова и развој објави дека му одобрила 20 милиони евра кредит на „Проекс“ „да се прошири во областите кои не се опслужувани од доволно модерни малопродажни објекти и ќе поддржи попродуктивни процедури и инвестиции во технологија, како и да изгради нов логистички центар во близина на Приштина, да модернизира седум постојни продавници и да отвори шест нови продавници, од кои пет ќе бидат лоцирани надвор од главниот град“.

Види исто така:

Комисијата за заштита на конкуренцијата утврдила дека оваа концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата.

Со ова, се потврдуваат информациите што се слушаат веќе подолго време, дека уште една косовска компанија влегува во Македонија преку купување на значајно разнишаниот „Тинекс“ на семејството на поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ.

Претходно косовската „Вива фреш“ го купи штипски „Кит го“, а неодамна се ребрендира во Шпар Македонија. На македонскиот пазар е и синџирот маркети „Кипер“ и „Елкос група“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ