Иновацијата не завршува со создавањето на нов производ, технологија или решение. За иноваторот да може да ја заштити својата идеја и да создаде услови за нејзина практична и комерцијална примена, особено значајна е заштитата на интелектуалната сопственост.
Патентот претставува еден од механизмите преку кои пронаоѓачот може да обезбеди правна заштита за својот пронајдок. Но, процесот не е едноставен и отвора низа прашања: Што воопшто може да се патентира? Кои критериуми треба да ги исполнува еден пронајдок? Како се започнува постапката и колку е важно навреме да се заштити иновацијата?
Што значи патентот, како се патентира еден производ и зошто заштитата на интелектуалната сопственост е важна за иновациите и бизнисот?
За овие, но и за една особено интересна тема – патентирањето на ајварот – во гостувањето на Канал 77 зборува проф. д-р Ѓорѓи Филипов.
Што навистина може да се патентира, кои се условите и што значи патентната заштита во пракса? Има ли основа ајварот да биде предмет на патентна заштита и што всушност значи кога велиме дека еден производ е „патентиран“?
Во денешното гостување разговараме за тоа како функционира патентирањето на иновациите, кои се најчестите предизвици со кои се соочуваат иноваторите и колку нашата средина ги поттикнува научниците и претприемачите да ги претвораат своите идеи во заштитени и применливи решенија.
Следете го гостувањето на Канал 77 и дознајте повеќе за патентите, иновациите и заштитата на она што го создаваме:









