ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

5 ПРИЧИНИ ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА РАДИО

 

Вашата порака допира до Вашите клиенти. Различни радио станици привлекуваат различни слушатели. Правилниот избор на радио Ви овозможува да комуницирате токму со оние слушатели на кои сакате да им се обратите!

Радиото допира до слушателите во вистинско време и на вистинско место. Повеќето слушатели додека слушаат радио прават и нешто друго. Ова значи дека можете да допрете до слушателите во клучни моменти – кога тие се на пат кон работа, сурфаат на интернет, работат… Сега, кога радиото може да се слуша преку паметни телефони и интернет, тие клучни моменти се уште поприсутни.

Во свет кога сме бомбардирани со реклами од сите страни, радиото доѓа до слушателите. Истражувањата покажуваат дека радиото, заедно со киното има најниско ниво на избегнување на рекламите – луѓето ретко ја менуваат станицата и се подготтвени да ја слушаат секоја порака што им е релевантна, креативна и интересна. Ова е одлична можност да допрете до нови клиенти или на постојните да им кажете нешто што се уште не го знаеле.

Радиото создава брендови. На ист начин како што радиото создава хитови, исто така создава чуство на присутност на брендовите. Ова се должи на две причини – прво, затоа што успешните радио кампањи имаат висок интезитет на пораки и второ, затоа што слушателите слушаат радио долго време. Се релативно мала инвестиција радио рекламирањето може да создаде голема свесност за брендот.

Радиото е пријател. Слушателите го користат радиото од емотивни причини, за да се рапсоложат , да не се досадуваат во автомобилот или да не се чуствуваат сами додека ги прават секојдневните обврски. Ова води кон тоа да го гледаат радиото како пријател и ова многу вреден контекст во кој појавува огласувачот. Уште помоќно е кога рекламирањето се проширува преку брендирана содржина, спонзорства, промоции и наградни игри. Кога водителот зборува за ‘’нашите пријатели во компанијата X’’, слушателот слуша за пријател на пријател и ова има силен ефект врз перцепцијата на брендот.

0%