ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button
Kanal 77 - Samo Hitovi

Радио Канал 77 започна со работа на 4-ти октомври 1991 година и е прво приватно национално радио во Република Македонија. Од 5-ти јануари 2015 година Радио Канал 77 има обновена девет годишна Лиценца-Дозвола за радио емитување. Радио Канал 77 е со седиште во Штип на адреса: 5-та Партиска конференција 32A, во сопствен објект Мултимедијален центар Канал 77 и студио лоцирано во Скопје на адреса: Франклин Рузвелт бр.4 локал 6.

Радио Канал 77 од 01.01.2015 година го воведе новиот радиски формат кој е со ралзични програмски сегменти и динамична музичка содржина која е строго таргетирана по старосни и социјални групи.

Целна група на програмата на Радио Канал 77 се лица од 24 до 45 годишна возраст со тежиште на лица помеѓу 30 и 40 годишна возраст.

Покриеноста со сигнал на Радио Канал 77 е на 98% од територијата на Македонија со посебен акцент на покриеност на целата патна инфраструктура. Дистрибуцијата на програмата се врши преку 15 микробранови линковски фреквенции и 35 FM фреквенции меѓународно кординирани и заштитени од ITU Женева. Програмата се емитува преку WEB Streaming и кабелските оператори во Македонија и регионот и е единствено македонско радио кое е достапно на сателит преку дигиталната IP телевизија Нет ТВ Плус и Тотал ТВ  со кој ги покрива сите континети.

Програмските содржини освен на радио, можат да се следат и на нашата WEB страна, http://www.kanal77.com.mk/ ,  и социјални медиуми:

Facebook http://www.facebook.com/Kanal77/,
Twitter https://www.twitter.com/Kanal77 (#Канал77, @Kanal77)
http://www.instagram.com/Kanal77
https://www.tiktok.com/@RadioKanal77

Радио Канал 77 е единствена радио станица на територијата на Југоисточна Европа која рекламните пораки ги дистрибуира по систем Splitting Advertising на 3 нивоa: национално, регионално на 4 макро региони, и локално рекламирање на 10 микро региони.

За потребита на програмата, техничко одржување, маркетинг и тековно работење на радиото работно се ангажирани вкупно 30 лица, а поглем број од работно ангажираните лица е со високо техничко образование од областа на медиумското работење. 

Радио Канал 77 е членка на голем број домашни и странски меѓународи медиумски организации, и учествува во многу промотивни проекти кои имаат социјален карактер и се во интерес на пошироката јавност. Нашата мисија е да му служиме на демократското и отворено општество и да ја развиваме граѓанската инцијатива во Република Македонија.

Наши соработници во изминативе години се:

0%