ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Кои стопански сектори трпат најголеми штети, а кои најмногу профитираат од корона-кризата, беше темaта на денешниот „Стадион“

today27/06/2020 27

Background

Веднаш по здравјето на луѓето, економијата е вториот фокус со кој е преокупиран и светот, а и Македонија во корона-кризата. Некои сектори кај нас не работат, се затворија, некои бизниси се приспособија, некои трпат катастрофални загуби, а некои во кризата добро профитираат. Како во моментот да се преживее, како понатаму во новата реалност што ја донесе пандемијата, чии последици ќе се чувствуваат веројатно уште долго? На оваа тема беше посветена денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“, во чии рамки беше презентирана и новинарската истражувачка сторија на Габриела Додевска – „Профит и загуба од Ковид19 – кои се офајдија на сметка на кризата, кои претрпеа катастрофални загуби?“.

Гости во штипското и во скопското студио на „Канал 77“ беа естрадните уметници Горан Тодоровски од штипската група „Феникс“ и Благоја Грујовски, во емисијата се вклучија и други гости, а беа емитувани и снимени разговори на водителката Весна Крстева со претставници на други дејности.

– Вчера на плоштадот во Штип одржавме протест на кој, освен музичари, учествуваа и сите што се засегнати од таканаречената „свадбена индустрија“ – фотографи, камермани, аранжери на цвеќе… Додека се отвораат границите, казината, вежбалните и се’ друго, а рестораните пак работат да полноќ, забранети се свадбени веселби и секакви собири на отворено и затворено. Во сите сектори се олабавуваат мерките, а ние четири месеци сме без работа, без егзистенција, без некакви најави дека наскоро нешто ќе се промени. Погодени се многу семејства, повеќе сектори. Една свадба, на пример за 300 луѓе, во просек чини 15 до 20 илјади евра. Во нив се трошоците за ресторанот, за музиката, декорацијата, облеката, не само за младоженците, туку и за гостите кои се подновуваат за такви свечености… Што значи оти штета трпат повеќе сектори – рече Горан Тодоровски.

Слично зборуваше и Благоја Грујовски:

– Со мерките на Вадата најпогодена бранша е нашата. Повеќе илјади луѓе што егзистираат од музика и од сродните дејности се без никкакви приходи. Треба да се најде решение да им се овозможи да работат, како што им се овозможи на моловите, маркетите, аптеките, конфекциите… Па и ние сме дел од оваа држава. Како да се живее без работа? Мора да сенајде солуција, макар со строги мерки – истакна тој.

На слична состојба како и музичарите се пожали и Маја Бабиќ од Здружението за инвент-индустрија, која се занимава со организирање концерти, конгреси, семинари, митинзи, фестивали, спортски настани, разни приватни забави… „Приход нула имаат и туристичките агенции“, нагласи Ана Марија – Алексова, сопственичка на туристичка агенција. Виктор Стојкоски од Асоцијацијата за Е-трговија, рече дека овој сектор во време на пандемијата се покажал како ефикасен и бележел значителен пораст.

– Како Сојуз на стопански комори се пожаливме што од почетокот на кризата надлежните државни институции немаат јасна визија и стратегија, одлуки се носат многу хаотично, од ден за ден. Мора нешто да се промени на тој план зашто последиците од кризата ќе се чуствуваат подолг период, а оваа година ни’ е и изборна – рече Благоја Грозданов од ССК.

Маријана Перковска, претседателката на Кластерот за текстил, смета дека во тој сектор кризата, во која некои конфекции почнаа да произведуваат и заштитни маски, полека се надминувала.

– Има работа, а во прилог ни’ оди и што, по хаосот што настана во светот и затворањето на каналите со Кина, Индија, Пакистан, Европа се’ повеќе сака да го врати текстилот на Балканот. Особено за производството со поголема додадена вредност. Масовното производство на едноставни модели ќе остане на далечниот исток со подолг рок на испорака – истакна Перковска.

Таа додаде дека нашите текстилни компании треба повеќе да работат на интернет-продажбата, за што очекувале и системска поддршка.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%