Општина Кочани: Министерството потроши пет милиони денари за третман на депонијата, кој заврши со пожар

Третманот на депонијата во Кочани што Министерството за животна средина го вршеше минатиот викенд, ќе ги чини граѓаните близу пет милиони денари.

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски упатува на скандалозна јавна набавка на Министерството за животна средина, посочувајќи податоци од договорот.

„Во Кочани порамнување на отпад чини 3 250 денари по кубик, а во Никуштак (Липково) само 250 денари – 13 пати поскапо за истата работа. Покривање со земја во Кочани е 3 000 денари по квадрат, во Никуштак (Липково) 300 денари. Десет пати поскапо за истата работа.“

– Додека Општината се грижеше за депонијата, пожари немаше. Министерството за животна средина склучило сомнителен договор, фирмата дојде, поработи пет дена, се случи пожар. Пожарот откри нешто многу поголемо од загадениот воздух, посочи кон вистината што повеќе не може да се игнорира – каде и да копнеш е гнило. На грбот на кочанчани се прават договори без логика, со единствена цел да се полнат нечии џебови – истакнува в. д. градоначалникот.

Според Крстевски со тој висок износ општината може да набави нова механизација и да се обезбеди третман на депонијата за цела година.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ