- Избор на нови заменици: На Собранието му се предложени осум кандидати (седум правници и еден социјален работник) за заменици на Народниот правобранител во Скопје, Струмица, Куманово, Тетово, Штип и Битола, со што меѓу другото ќе се пополни и местото во Струмица кое беше празно повеќе од 10 месеци.
- Гласање во Собранието: Предлог-одлуката и кандидатурите веќе го поминаа второто читање и се ставени на дневен ред за утрешната пленарна седница на Собранието.
Еден од правниците е предложен да работи во канцеларијата во Струмица, каде повеќе од 10 месеци немаше кој да им одговори на граѓаните, по пензионирањето на државниот советник, кој ја вршеше и заменичката функција. Оваа канцеларија покрива регион со над 200.000 граѓани.
Слушајте радио во живо
Според предлог одлуката, предложени се двајца заменици на Народниот правобранител во Скопје – тоа се досегашната заменичка Васка Бајрамовска, додека за нејзиниот нов колега е предложен Игор Божиновски, правник од Куманово, кој сега е вработен во Централниот регистар. За Божиновски, може да се најдат податоци дека во 2018 година бил избран во Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, во чии име излегуваше и на повеќе прес конференции.
Прочитајте и за ова:
Во подрачната единица на Народниот правобранител во Скопје се предлага за биде избран Неџат Алији – дипломиран социјален работник од Скопје – Арачиново. Во податоците при пребарувањето, се наоѓа лице со ова име во составот на Централниот одбор на политичката партија ДУИ (Демократска унија за интеграција) од 2019 година за време на партиските избори и преструктурирања. Од 2011 година до денес е вработен кај Народниот правобранител во Скопје како државен советник за заштита и промоција на права од социјална заштита и социјална сигурност.
Во канцеларијата во Куманово се предлага Буњамин Османи, правник, која работи во Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, во Тетово адвокатот Томислав Дабески,
додека во Штип, Неда Саклова — дипломиран правник, која работи во дирекцијата на УЈП во Штип. Постојат видео записи пред повеќе од десетина година со прес конференции на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Струмица, на која зборува и ги пресенсува ставовите е жена со исто име и презиме.
Во струмичката канцеларија се предлага Лидија Гошева Пакетова — дипломиран правник, која работи во регионалната дирекција на УЈП, каде имала и раководна позиција, додека Симона Стефановска Јовевска, дипломиран правник од Битола, која работи како брокер во Осигурително брокерско друштво во Битола, се предалга во подрачната организациска единица на Народниот правобранител во Битола.
Предлозите поминаа на второ читање и утре се на дневен ред на пленарната седница на Собранието.






