Од понеделник камерите почнуваат да снимаат во Охрид и Струга

Во рамките на проектот „Безбеден град“ за подрачјето на СВР Охрид кое ги опфаќа Охрид и Струга се предвидени и поставени вкупно 40 камери.
Фото: МВР
  • По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид

На третиот ден од продолжениот викенд, стартуваат камерите од проектот „Безбеден град“ во Охрид и Струга. Според најавата од МВР, вкупно 40 камери стануваат функционални по периодот на тестирање.

-Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата, соопштуваат од МВР.

Слушајте радио во живо

Поставени се камери на кружните текови на двата главни влеза во градот. Инсталирани се камери на повеќе клучни сообраќајници и крстосници во центарот на Охрид, дополнителни точки на транзитните патишта што ги поврзуваат Охрид и Струга.

Влезовите и излезовите од Струга – на главниот влез во Струга од страната на Охрид магистралниот пат, односно кружните текови на влезот. На излезно-влезните правци кон граничниот премин Ќафасан и кон Дебар, во централното градско подрачје и фреквентни сообраќајници. На најфреквентните крстосници и булевари низ центарот на Струга. Во близина на мостовите и клучните сообраќајни точки по должината на Црн Дрим.

Уште на темата:

Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце

Дополнителни камери се распоредени на магистралниот пат што ги поврзува Струга и Охрид (како и на делниците од автопатот/магистралата кон Кичево).

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ