ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Kanal 77

477 Results / Page 32 of 53

Зголемена локална транспарентност

Подмоље плива во фекалии

Жители на охридското село Подмоље, каде се наоѓа една од пумпните станици на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро се жалат  дека непречистена вода со фекалии многу често се влеваат директно во езерото, поради што се шири  неподнослива смреда. Слична е состојбата и на неколку други места долж езерскиот брег. Според експертите итно е потребна доградба и проширување на колекторот. Во споротивно, на Охридското езеро му се заканува уште една еколошка катастрофа. Сторија на Мики Трајковски. -Колекторот нон стоп […]

today28/12/2018 39

Зголемена локална транспарентност

Како медиумите се продадоа на партиите

Од некогашните 100 евра за секунда отстапен рекламен простор за политичко рекламирање на затворената телевизија А1 на Велија Рамковски, цената за овие избори на националните телевизии падна на едно евро. Политичкото рекламирање стана предмет на раскусурување и создавање на клиентилистички однос на медиумите со одделни политички партии, до толку што медиумите се јавија како спонзори на политичките кампањи. Како медиумите ја изгубија битката со партиите, во сторијата на Горан Гаврилов. Во годините на постсоцијалистичка демократија на младата македонска медиумска индустрија […]

today28/12/2018 83

Зголемена локална транспарентност

Политички игри го затвораат и отвораат „загадувачот“ Југохром

Тетовски Југохром не работи близу два месеци, а мерењата на квалитетот на воздухот и натаму покажуваат високите вредности на загадување. Како ништо да не промени гаснењето на фабричките печки, кои димеа без филтри. И додека институциите укажуваат дека загадувањето е од загревањето на домовите, сообраќајот и урбанизацијата без контрола,  во позадина се одвива битка за Југохром. Од екологијата ќе профитираат поединци,единствено заинтересирани за сопственото богатство. Сторија на Снежана Новаковска Конечни резултати за тоа кој го труе Тетово нема од ниту […]

today28/12/2018 54

Зголемена локална транспарентност

Ќе стивне ли детскиот џагор во уште еден од штипските паркови

Откако општината на приватен инвеститор му продаде земјиште во една од најубавите населби во градот „Осми ноември“, активисти тврдат  дека за продажба се крчка земјиштето на кое се наоѓа паркот во близина на полициската станица. Од Општината децидни – на таа локација нема да се гради. Децата на станарите од зградите околу полициската станица во Штип, веќе нема да можат да си играат во паркот во нивното маало. Нивниот џагор ќе го замени звукот од автомобилите кои ќе се паркираат […]

today28/12/2018 23

Зголемена локална транспарентност

Конфекционерките можат да добијат двојно повисоки плати

За осум години македонската текстилна индустрија останала без 10.000 работници или една третина помалку. Ниските плати и интензивната работа не се атрактивни за младите, кои или продолжуваат на факултет или заминуваат во странство. Работодавачите побараа по 50 евра месечно за работник како стимулација, пари кои директно ќе одат на нивните сметки. Засега нема решение за недостатокот на работна сила. Со дијалог меѓу двајца штипјани кои седат во кафена, испивајќи ракија, додека поминуваат авотбустите полни работнички кон кофекциите, почну филмот Шивачки […]

today28/12/2018 31

Зголемена локална транспарентност

Уште пет деца заболеа од рак во Битола

Во последните шест месеци пет деца заболеле од рак во Битола. Четири од нив се со тумор на мозокот. Граѓаните вината ја префрлаат на загадениот воздух, која стана една од најжешките политички теми во Битола. Додека граѓаните жестоко протестираат, од Општина Битола ветуваат. Топлификација и гасификација на градот  е  решенито  за  проблемот со загадувањето, но не сега, кога заболуваат и деца и стари, туку некогаш, во некои идни времиња. Граѓаните ги вклучија сирените за аларм во Битола, еден од  најзагадените […]

today28/12/2018 33

Зголемена локална транспарентност

Сторија: Каменоломите го трујат Лабуништа?

На секои 1000 жители во струшкото село Лабуништа има по еден каменолом. Жителите на оваа некогашна општина знаат дека работат осум, а можеби и девет активни каменоломи. Загрижени се дека каменоломите сериозно им го загрозува нормалното живеење како и нивното здравје. Околу 9000 жители на Лабуништа, стравуваат дека наскоро почнува со работа нов каменолом или ископ за некој вид на руда во близината на населбата. За да ги заштитат сопствените интереси пред надлежните институции, лабуништани пред неколку месеци се организираа […]

today28/12/2018 55

0%