АД Водостопанство ги задолжило општините, ЈП ДП и АД Македонски железници за одржување на одводите на патиштата и пругите, за да може претпријатието да се фокусира на речните корита, после големите штети од поплавите во Кичево и Чешиново – Облешево:
“Водостопанство за разлика од минатите години почна да ги задолжува јавното претпријатие за државни патишта, македонски железници и општините за одводнување на локалните патишта. Така да, ние сега ќе сме многу поприсутни таму, во речните корита, што ни е и намената. Имаме специјализирани машини за влез во речните корита, за вадење на наносите или на нафрлените отпадоци во самите речни корита, тоа е нашата намена.” – вели Филип Филиповски, извршен директор на АД Водостопанство во денешното издание на Стадион.
Целата емисија можете да ја проследите овде:










