- Целосно бесплатно и во согласност со законот беше функционирањето на Lyoness, MyWorld и Lykonet во Македонија, членовите вложуваа пари кои потоа си ги враќаа со вршењето купувања во различни компании кои беа дел од нашата мрежа, тврди во денешното гостување на Стадион на Канал 77, Зоран Витанов, човекот чие име е најчесто споменувано кога станува збор за наводните измами со ширењето на пирамидалната мрежа.
Динамична и на моменти напната дискусија го одбележа денешното издание на емисијата Стадион во која гости во штипското студио на Канал 77 беа Зоран Витанов и новинарот Љупчо Златев. Без конечен заклучок завршија дебатирањата помеѓу гостите, без ниту едната страна да може да го докаже своето тврдење. Во неколку наврати новинарот Златев објаснуваше како и на кој начин луѓето беа измамени да вложуваат во т.н облаци на светските пазари, при што им се ветуваа огромни добивки за неколку години, додека Витанов упорно го негираше сето тоа, тврдејќи дека станува збор за целосни невистини.
- Јас можам да одговарам за она што сум го кажал, а не за тоа како сум бил разбран од луѓето, потенцираше Витанов.
Целосната дебата, како и видео снимка од презентација која Витанов ја направил во 2016та можете да ја видите на линкот во продолжение:









