- Не е штос да се трудите да ја избегнете вистината и да се извадите, едноставно сметав дека најдобро е да и се погледне на вистината во очи. Се срамам и воопшто не сум горд на грешките што сум ги правел во минатото, вака во денешното гостување на Канал 77 во емисијата Стадион истакна членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски.
Зборуваше дека случајот во кој протекоа фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како користи недозволени супстанци на работно место, е нешто што можеби кај јавноста поминало за три-четири дена но него како личност ќе го следи во текот на целиот живот и не е нешто од што може да побегне. Вели дека е лесно да се сврти вниманието на јавноста која најчесто се пали на што по сензационалистички теми и дека најголе интерес кај јавноста секогаш пробудува корупцијата и тендерските малверзации, кои како што нагласува секојдневно се обелоденуваат од страна на “истражувачкиот тим” на СДСМ.
- Како опозиција сметам дека сме и тоа како вистинска, но секогаш ќе има поделени мислења. Пред изборите ни замеруваа дека сме многу меки сега пак дека сме премногу радикални и крути, но реалноста е дека освен СДСМ ниту една друга опозиција не се бави воопшто со она што го прави власта и со она што е вистински од интерес на граѓаните, нагласи Фрчкоски.
Во однос на последните случувања со производството и транспортот на десетици тони марихуана во и од земјава, Фрчкоски е дециден дека до прва истрагата ќе ги покаже деталите но останува прашањето зошто и како некој дозволил толку голема количина да се извезе од државата.
- Тоа се камиони и камиони, како поминаа преку граница и дали ако српските медиуми не ја отвореа темата за марихуаната што се произведува во Македонија ќе останеше затворена? – праша во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77, Јон Фрчкоски од СДСМ.
Зборуваше и за придобивките од воведувањето на системот Безбеден град, како и за тоа зошто опозицијата не гласаше во Собрание за неопходните законски измени за ставање на системот во употреба.
Целосното интервју следете го на линкот во продолжение:










