Писател, драматург, професор, интелектуалец, мемоарист , вака на стартот од денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77, новинарот Столе Наумов го опиша неговиот денешен соговорник – Венко Андоновски.
Со познатиот и истакнат писател во најновото издание на Стадион зборуваме за неговите ставови и сфаќања околу употребата или неупотребата на македонскиот јазик, колку и дали денешната младина правилно го користат сопствениот јазик, при што е дециден дека најголемиот проблем потекнува од образованието и сето она што им се наметнува на учениците како задолжително четиво.
- Учениците и студентите се претрупани со стотици книги кои мора да ги прочитаат, наместо да им се даде една, две , три на кои ќе им се посветат квалитетно и ќе можат подлабоко да се посветат и да ги анализираат, вели Андоновски.
Според него најголемиот пропуст настанува кога децата се оптеретуваат да учат граматички правила за петка, а во пракса не знаат да применуваат ниту дел од тоа. Суштината не е да се научат нештата на памет, туку да ги научиме децата како практично да го користат правилно македонскиот јазик, додава Андоновски.
Во дел од разговорот се осврна и на губењето на интересот кај денешната младина за изучување на сопствениот јазик, истакнувајќи дека поразителен е фактот дека дури 30 студенти во Пекинг се запишале на катедра за македонски јазик, 60 мина студираат македонистика во Риека, а на нашиот факултет имаме само тројца студенти запишани на книжевност оваа година.
Прашан за тоа колку и дали воопшто има интерес за читање во време кога дигитализацијата си го има направено своето, Андоновски со став дека се чита и денес но најчесто тоа се трилери и лесно читлива литература што и се продава најмногу денес и како што вели за жал книгата почна да се цени според тоа колку се продава, а не според квалитет и она што може да го понуди.
Венко Андоновски, гостин во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77. Следете не на:









