(ВИДЕО) Начинот на живот во САД не е добар, Македонија ме привлекува поради луѓето, вели Унковски во Стадион на Канал77

Во најновото издание на емисијата Стадион, гостин беше Георги Унковски, режисер кој е роден во САД и кој нема пофални зборови за начинот на живеење за оваа земја.

  • Мене Македонија многу значи. Во САД не ми се допаѓа начинот на живот, премногу има отуѓување од семејството, индивидуата е на прво место што за мене не е во ред. Сметам дека ние сме луѓе што живееме заедно, што треба да си помагаме, да имаме соработка во нашите заедници. Она што ме влече за Македонија се односите кои ги имам со луѓето.

Запрашан за тоа колку владеењето на Доналд Трамп влијае врз филмската индустрија во САД, Унковски вели дека од она што го има како информација, никогаш не било потешко да се сними филм.

  • Тоа не мислам дека е политички, колку што е еден пазар базиран исклучиво на правење пари и кога не се прават доволно, следува криза. Многу е помала слободата на независни продукции, се прават многу проверени работи како продолженија на филмови кои всушност и наштетуваат на индустријата. Сега желбата за ризик е се помала. Со стриминг платформите е зададен многу тежок удар на оваа индустрија, особено во САД. На пример, Нетфликс заработува околу 90 отсто од направените пари од еден филм, па потоа имаат слобода во што сакаат да ги инвестираат, не остануваат средствата кај оние кои всушност го направиле филмот.

Тој исто така потенцираше дека Македонија е далеку зад други европски земји во однос на продуцирање на странски филмови, односно отворање на странски продукции тука.

  • Природата ни е прекрасна, но ни недостасуваат други работи. Инфраструктурата за снимање на еден филм е многу важна, ќе ви дојдат 80 луѓе кои секојдневно би работеле на тој проект и кој ќе треба да имаат услови за работа.
©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА