За две години ништо не е променето, ќе го вратам мандатот кога ќе го видам Груби во затвор и правда за Кочани, Миле Цеков во Стадион

Некогашниот пратеник од редовите на ЗНАМ а сега самостоен, Миле Цеков дел од денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77. Во низата одговори открива зошто и како ја донел одлуката да го напушти движењето благодарение на кое стана дел од парламентот, но и за најголемите разочарувања во текот на изминатите две години, откога ЗНАМ е дел од владејачкото мнозинство.

  • За две години ништо не е променето. Дојдовме на власт ветувајќи нулта толеранција на криминал и корупција, но до сега ништо од тоа. Не гледам разрешница ниту на случајот со Артан Груби, ниту на случајот со петте тони марихуана, а уште помалку со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, мене совеста ми е чиста и не можам да продолжам на овој начин, вели Цеков.

За притисоците и негативните коментари, како и за секојдневните барања да го врати пратеничкиот мандат, вели дека со задоволство ќе го направи кога ќе види правда и Артан Груби зад решетки, како и решавање на случајот со марихуаната или конечна правда за Кочани.

Во Стадион зборуваше и за земјоделскиот сектор, нагласувајќи дека само три компании раководат со дури 95 проценти од севкупното обработливо земјиште во јиго-источниот дел на Македонија, што остава простор за манипулации и коруптивност. Според него, недозволливо е да увезуваме милјарда евра храна годишно, а да издвојуваме 200 милиони евра за субвенции.

  • Најголемиот проблем е што нема контролен систем кој ќе регулира кој е вистински земјоделец и каде реално одат сунвенциите, истакнува Цеков.

Миле Цеков самостоен пратеник во Собранието, денешен гост во емисијата Стадион на Канал 77. Целосно разговорот следете го на:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА