Во Македонија има 220 илјади граѓани кои имаат бугарски пасош, изјави Красимир Каракачов во гостување на Стадион на Канал 77.
„Тоа е официјална државна статистика и тоа е статистика пред неколку месеци, сега можеби бројката е и 250 илјади. Ние никогаш нема да ги признаеме пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со легализацијата на ОМО Илинден Пирин и на Македонците кои се идентификуваат низ овие организации. Оставете ги пресудите, тие не вршат никаква работа. Во однос на односите, ние потпишавме Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија, таму има работи кои се наведени, а кои се многу полиберални и пријателски во споредба со Преспанскиот договор кој бевте приморани да го потпишете“, изјави Каракачанов.
Тој додаде дека македонската Влада покажува дека не сака земјата да биде дел од Европската Унија.
„Кога веќе имаш потпишани договори, како со Бугарија, така и со ЕУ, тие треба да се почитуваат. Оваа македонска Влада прави сѐ земјата да биде надвор од ЕУ. Како што тоа создава проблеми на Македонците во Македонија, така создава проблеми и на Албанците во Македонија. Заради политички инает на Мицкоски Македонија продолжува да биде последниот двор на ЕУ, а не членка“, појасни Каракачанов.
Следете не на линкот во продолжение:









