Костовски: Не е можен активен стечај без добри инвеститори и менаџери (видео)

– Неправедно е целата вина да се фрла на стечајните управници и стечајните судии. Каде се директорите и органите на управување кои ја упропастиле фирмата и ја довеле во стечај? Досега нема никој од нив што завршил во затвор – вели правниот консултант за стечај и поранешен стечаен судија Дејан Костовски,кој беше гостин во емисијата Стадион.

Според него неопходна е итна имплементација на европските директиви и реформа на стечајната регулатива, со што ќе се подигне одговорноста на директорите, но и ќе се заштитат фирмите од доверителите, за да може стечајот навистина да биде спас и заштита, а не сигурна смрт за бизнисот.

Стечајниот управник нема можност  и надлежност да рестартира фира. Погрешно е таквото мислење и видување, може да направи план за реорганизација , но за тоа мора да има инвеститор тоа да го финансира, потенцира  Костовски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА