Многумина на Балканот сакаат да го затворат македонското прашање, тврди адвокатот Тони Менкиноски во гостување на Стадион на Канал 77.
„Решение на проблемите на Балканот е решавањето на македонското прашање. Македонските малцинства кои се во соседството го имаат правото кое го имаат сите малцинства во светот. Гледаме каква револуција се случува во Егејска Македонија. Бугарија го нарушува правото на здружување на Македонците каде што вели дека нема здружување ниту во невладини организации, ниту во политичка партија каде лежи најголемиот страв“, вели Менкиноски.
Тој додава дека Венецијанската комисија јасно укажува дека Бугарија треба да го смени Уставот во делот на правото на здружување каде Македонците имаат добиено пресуди во Европскиот Суд за човекови права.
Следете не на линкот во продолжение:









