Новата реалност е дека Левица е втората владејачка партија во главниот град и после првиот изборен круг никој не може да го спори тој факт, истакнува во деншното гостување на Стадион на Канал 77, кандидатот за градоначалник на град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ. Зборувајќи за анализите на освоените гласови во првиот изборен круг Мециновиќ нагласува дека најголемата поддршка ја добил од жителите на Чаир, Карпош и општина Центар, а очекува дека истото ќе се повтори и на 02. Ноември.
- Какви ли не теории на заговор сум слушал од страна на мојот против кандидат, како на пример дека со помош на гласовите од ДУИ, Мециновиќ успеал да влезе во вториот круг, а токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата која го уценува народот на изборите, вели Мециновиќ.
Во најновото издание на емисијата Стадион, Мециновиќ се осврна и на актуелната состојба со сметот и депониите во главниот град, нагласувајќи дека е шокантно во денешно време да се дозволи, дете да биде каснато од стаорец.
- Состојбата е таква каква што е затоа што советот на град Скопје со години работи против своите јавни претпријатија, не се изгласуваат одлуки кои се од круцијално значење, се водат политички битки со актуелната градоначалничка и на крај резултатот е овој, Скопје заглавен во смет, потенцира кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.
Зборувајќи за одлуката на народот повторно да го гласаат ВМРО-ДПМНЕ, Мециновиќ вели дека огромен дел од гласачите гласале под уцени. Им се даваат договори на дело, на по шест месеци и со тоа се уценуваат да мора да ја гласаат владејачката структура доколку сакаат да добијат решенија на неопределено, додава Мециновиќ.
Тој го повика премиерот и лидер на владејачката партија Хридтијан Мицкоски, заедно да се фатат за метла и да го исчистат главниот град, доколку сака власта да му покаже на народот дека му мисли добро и дека ќе соработуваат со било кој нов градоначалник избран од скопјани, па дури и ако тоа е кандидатот од редовите на Левица.
Разговорот со Амар Мециновиќ, во целост следете го на линкот во продолжение, во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77:










