Обвинителката Раичевиќ: Борба против корупцијата без обвинител нема, а не може ни сам да се бори против неа

Во денешното издание на емисијата Стадион гостинка е Лидија Раичевиќ, јавна обвинителка, кандидатка за државен јавен обвинител.

Според неа нема борба против корупцијата без јавното обвинителство, како клучна институција.

„Борба против корупција без обвинител нема. Не може да ја спорведе никој постапката без јавниот обвинител. Зошто? Не затоа што е многу силен и моќен, туку затоа што така законите го определиле тоа. Мора да постои институција и луѓе кои работат во неа, кои се стручни, кои таа борба ќе ја спроведат.

Дали само јавниот обвинител може да се бори против корупцијата? -Не. Тој својата работа е должен да ја изврши онака како што знае и умее најдобро. Законот вика – основната функција на јавниот обвинител, покрај откривањето, е гонење на кривични дела. Што значи тоа? Јавниот обвинител не е само гонител. Тој треба активно да учествува и во процесот на откривање. Така законот предвидел, Законот за кривична постапка.“ – вели Раичевиќ.

Целото гостување можете да го проследите на линкот:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА