Планови, амбиции, желби, но и можности што како Универзитет ги нуди најстарата високообразовна институција во државата, за сето ова во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77, разговараме со денешниот гостин, професор д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет.
Какви се неговите планови за обезбедување т.н нормални услови за студентите и професорите на ФИНКИ, што се планира со изградбата на инфраструктура за овој факултет, како и каде ќе продолжат студентите на факултетот за физичка култура, спорт и здравје, многу повеќе и многу подетално слушате во најновото издание на Стадион.
Професор Данев зборува и за неговите релации и поврзаноста со актуелниот премиер како негов колега од Машински, но и за секојдневните проблеми со кои денес се соочува високото образование.
- Зошто секоја година имаме се помал број студенти на УКИМ, зошто техничките науки се помалку атрактивни, како да ги задржиме студентите и кои се ставовите на Данев за новото предлог решение на Законот за високо образование, следете на линкот во продолжение:










