Ѓорѓиевски: Кога немате систем – имате проблем. Скопје и јавните претпријатија во моментов се во долг од близу 250 милиони евра

Македонскиот народ знае да препознае и да награди кога некој заслужува и кога некој работи посветено и искрено, истакна во Стадион на Канал 77, кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Зборуваше за искуствуто и сработеното во текот на изминатите четири години како градоначалник на општина Кисела Вода, нагласувајќи дека првичната амбиција му била да успее да биде првиот градоначалник на оваа општина кој ќе успее да биде реизбран за втор мандат.

  • Се што сум ветил во предизборната кампања сум остварил, па дури и дупло повеќе од ветеното, надвор од прфедвидената програма, истакна Ѓорѓиевски.

Немањето систем, според Ѓорѓиевски е главниот проблем за состојбата во градот Скопје и за нефункционалноста во јавните претпријатија.

  • Кога немате систем – имате проблем, токму затоа јавните претпријатија ни се во целосен колапс, а вината секогаш се префрла на некој трет, додава кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Во денешното издание на Стадион, Ѓорѓиевски зборуваше и за неговите цели и планови како иден градоначалник на главниот град, повторувајќи уште еднаш дека останува на ветеното, за 72 часа од неговото доаѓање на функцијата Скопје да биде целосно исчистен.

  • Со 50 камиони, 30 машини за перење на улиците и околу 1000 луѓе, Скопје ќе блесне уште после првите 72 часа од моето влегување во град Скопје, нагласи Ѓорѓиевски.

Разговорот со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, проследете го на линкот подолу:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА