Имаме жилави но не доволно храбри филмски работници во земјава, Македонија е единствена од земјите во регионот која успева години наназад последователно да учествува на најголемите светски филмски фестивали, вака истакна во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77, директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски.
Буџетот е сериозен проблем според него, но на уште многу аспекти мора да се работи во сферата на филмот и уметноста, нагласува Мицевски. Вели дека ни недостасуваат кино сали но и интерес да се работи на нешто од национален интерес, зашто како што вели најголемиот дел од Македонските филмови се прават со намера да постигнат успех надвор, ама остануваат недоволно афирмирани во земјава.
- Со еден милион евра може да се направи добар филм, но ретко кој од домашните филмови успеал да ги врати вложените пари. Ако не се лажам од помодерната историја само Балкан Кан мислам дека ги има вратено парите, нагласува директорот на Агенцијата за филм, Сашко Потер Мицевски.
Вели дека очекува овогодинешниот Диџеј Ахмет да направи добар пробив и да постигне добра гледаност, особено со оглед на тоа што веќе 12-13 недели е на репертоар на Синеплекс, што според Мицевски претставува одлично достигнување.
За промените во законот за филмска уметност, актуелните случувања но и она што е планирано за во иднина, целосно во разговорот со директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски, во најновото издание на емисијата Стадион на Канал77, на линкот во продолжение:










