- За жал медиумите креираат многу поинаква слика за Иран и тамошниот народ од она што е всушност реалноста, секојдневниот живот е далеку од она што нам ни се пласира, истакнува во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77, кошаркарскиот тренер Панче Милевски – Панта, споделувајќи дел од своето животно искуство во оваа земја.
Како што вели, Иран е богата земја со сиромашен народ, 150 до 200 долари е максималната плата, но народот многу вложува во образованието и културата.
- Зборуваме за високообразован народ, културен и гостопримлив, вели Милевски, додавајќи дека Иранците по многу наликуваат на нас, дури и храната и тамошната кујна им се блиски со нашата и со турската.
Интересен момент е тоа што во Иран не можете да најдете оригинални светски брендови, а нема ниту алкохол во маркетите, но како што нагласува Милевски тоа воопшто не значи дека народот не се дружи, баш напротив.
Зборувајќи за периодот додека работел како кошаркарски тренер на младинската селекција, до 2024та година, Панта вели дека особено го изненадил моментот што за време на испитна сесија, се гаси интернетот во цела земја во периодот од 09 до 14 часот, не само на универзитетите, што за него било особено зачудувачки и нетипишно на почетокот.
Во однос на актуелниот Американско-Израелски спор со Иран, професорот Јовановски нагласува дека само прашање на време беше кога Израел ќе го нападне Иран, а во заеднички интерес е војната што поскоро да заврши, особено ако се знае какви се штетни последици би можело да има и по земјите од Европскиот континент, доколку Ормутскиот теснец остане блокиран подолг временски период.
За Иран и тамошниот народ, обичаите, културата и верувањата но и за историјата на земјите од Блискиот Исток, во најновото издание на Стадион на Канал 77, слушајте од професор Далибор Јовановски и кошаркарскиот тренер Панче Милевски Панта.










