Дури 320 илјади Македонци живеат во моментов во Германија, според анкета и икстражување направени во текот на минатата година. Најголемиот дел од нив не се родени таму туку се исселиле од земјава во текот на последните 10 до 15 години, открива во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77, Злате Ковиловски, нашинец роден во Германија кој живее и работи таму.
Ковиловски деновиве се наоѓа во Македонија и како финансиски експерт, инвестициски консултант и ризик менаџер е дел до актуелниот Самит – Македонија 2025 кој се одржува во Скопје.
Во денешното издание на Стадион, зборуваше за тоа што значи целиот живот да се работи со капитал и инвестиции, но и за тоа која е најголемата пречка на Македонија на патот кон ЕУ. Според него корупцијата е рак рана за секое општество, а тоа од друга страна е нешто што на големо е проширено во нашата земја, како што вели само со целосна дигитализација на институциите ќе се стави крај на корупцијата и со тоа земјава ќе може да продолжи напред. Прашан за тоа како европските земји се справуваат со проблемот со корупцијата, Ковиловски го посочи примерот од Германија каде вели, корумпиран функционер останува не само без работа туку и без право на пензија, што во голема мера ги спречува луѓето да ризикуваат, пример што според него можеби би требало да се примени и во Македонија.
Меѓу другото зборуваше и за резултатите од последните истражувања направени на примерок од 1400 испитаници меѓу нашинците во Германија, кои покажуваат неверојатни факти, високи 45% од нив би се вратиле во земјава, а 16% од испитаниците рекле дека активно размислуваат стекнатиот капитал да го инветсираат во Македонија.
Целосно разговорот следете го на линкот во продолжение:









