Додека целиот свет го чека големото финале на светското првенство 2026, “Стадион” со свое дерби

Фудбалската треска е на врвот, се анализира секој гол, секоја тактика и секој херој на Мундијалот. Во тој дух, најновото издание на „Стадион“ носи состав кој ветува спектакл надвор од теренот. Петар Младеновски од Супер Хикс – за ритамот, страста и победничкиот дух, истиот оној што деновиве го живее целиот фудбалски свет. Рубенс Муратовски – актер со харизма и став, во разговор за емоциите, притисокот и моментите кога животот наликува на финале од Светско првенство. Зоран Фидановски – долгогодишен спортски новинар, со ексклузивни анализи за најголемите приказни од Светското првенство 2026, очекувањата пред големата завршница и сè што ја одбележа оваа фудбалска планета.

Додека светот ги брои часовите до финалето меѓу Шпанија и Аргентина, а Франција и Англија се борат за третото место, „Стадион“ ви носи победничка постава, искрени разговори и атмосфера достојна за големо финале.

Слушајте на линкот во продолжение:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА