ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button
Понеделник07:0010:00
Вторник07:0010:00
Среда07:0010:00
Четврток07:0010:00
Петок07:0010:00
Утринско шоу со Христина и МиркоКога две вакви енергетски бомби ќе се најдат на исто место, не можеш да очекуваш ништо помалку од експлозивно будење на радио во комбинација со твојата омилена музика… па и некоја шолја кафе, зошто да не!?
album-art

00:00

Христина Спирова

Кога ќе почувствуваш на своја кожа колку е потребна позитивна енергија дури и во најлошите денови, тогаш одлучуваш дека твојата мисија на Земјата е таа енергија да ја шириш за сите околу тебе. Токму тоа е и мојата мисија, потхранета од уметноста како главен драјв, насочена кон сите оние кои се несебично емотивно достапни, а понекогаш потрошена на она што не преокупира сите – сценарија во глава кои никогаш нема да се случат. Сепак би рекла дека најважно е со кое сценарио во глава ќе го завршиш денот, а за мене тоа е еуфорија за возбуливо и активно утре. Кога е време за тоа „утре“, микрофонот, моливот и решителноста се моите „partners in crime”, а ако сето тоа е придружено со совршената музика, нема нешто што може да и го расипе денот на оваа заколната црвенокоса.                                                                                               Еј, и знаеш што!? Think less, do more!
album-art

00:00

Мирко Голомеов

За мене би кажал дека сум личност која е доста спонтана. Се трудам да се адаптирам на ситуацијата пред се и да немам фиксирани планови однапред. Just go with the flow. Музиката е многу битен дел од мојот живот. Речиси и да не постои дел од мојот ден кога немам пуштено музика во позадина, на радио, на ТВ, од мобилен, на слушалки…. Живеам за убави моменти со пријателите. Џогирањето е активноста што секогаш ми ја вади негативната енергија и ми дава време за калибрација на мислите. Да не звучам клише ама јас сум човек што секогаш тргнува од себе, па така се трудам промените што сакам да ги видам околу себе, најпрво да ги аплицирам врз мене самиот. Мислам дека ако сите пробаме да имаме малку повеќе емпатија, а малку помалку цинизам и исмевање, ќе направиме еден барем малку подобар свет. Само чекор по чекор                                                                                                    може да има прогрес.
0%