ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Бајрами: Антикорупциска се соочува со опструкции од другите органи (видео)

today04/04/2020 5

Background

Политиката создава многу лош клиентелизам. Стручните луѓе се тргаат настрана. Ги охрабрувам, да не трпат притисок, е пораката што во емисијата Стадион на Канал 77 ја упати Нури Бајрами, член на Државната комисија за спречување на корупцијата и суди на интереси (ДКСК).

– Имаме над 20 случаи на пријави од свиркачи. Ако сакаме да го почитуваме законот, вработените во јавниот сектор се директно првите сведоци за тоа како се работи. За жал, нема такви пријавувања што можат да не’ воведат во тоа што точно е коруптивно. Другото што го работиме е формален чин, врз основа на списи,  бидејќи се наоѓаат начини да го спакуват како треба, изјави Бајрами.

Членот на ДКСК ги коментираше случаите на сомнителни јавни набавки, како таа на шест општини преку нивните јавни претпријатија, кои потрошија над половина милион евра за набавки на машини за чистење на улици од компанијата „Брако“ од Велес, компанија на поранешниот вице-премиер Кочо Анѓушев, во периодот 2018-2019 година кога тој беше член на Владата.

-Имаме и влошена конкуренција, со помалку понуди. Често поништување на набавките. Имаме прилагодување на технички спецификации блиски до одредени понудувачи, чудо анекси на набавките – куп слабости што се детектирани.Ги повикувам вработените во јавниот сектор да не трпат таков притисок, да не се плашат. Ние како Комисија сме само еден орган, ние не гледаме се’. Нашите постапки се долги и не можеме да стигнеме навреме без да имаме конкретни докази за такви наводи. Веќе имаме опструкции и други проблеми, при комуникација со другите органи, изјави Бајрами.

Според него, не смее да има прекин на континуитет во ангажманот на стручните и  луѓе со искуство.

-Но, наместо тоа, секогаш со мали исклучоци, институциите се натрупуваат со партиски активисти, со непроверени луѓе, кои не поминуваат никаква постпака,како што е предвидено со закон и секогаш тие блиски лица раководат со институциите.  Ние се соочуваме со фактот дека општинте согласно законот немаат кабинет согласно законот, туку три институции кои раководат, што е контрола на работата на јавните иснитуции. Но, во пракса имаме партиски тимови, кои стануваат наводно шефови и доаѓаат и прават прекин на административното управување. Како може да имаме владеење на правото, кога немаме добро управување?!, праша Бајрами во Стадион на Канал 77.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%