ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Добрила Кацарска: Треба да се провери имотот на судиите, но не само на потесното туку и на поширокото семејство (видео)

today25/04/2020 5

Background

Кога постојано и толку многу се зборува за корупција во судството, најверојатно тоа и постои, изјави во емисијата „Стадион“, судиката Добрила Кацарска.

Таа додава дека како судија со долгогодишно искуство секогаш пресудувала врз база на докази и факти, во ситуацијата немала докази, но сепак се сомнева т.е претпоставува дека некои судии се корумпирани.

„Се’ повеќе има сомнеж за многу поголем број на судии кои се корумпирани. Гледаме кој како живее, знаеме каде одиме на годишен одмор, кој судија каде оди на зимување, на скијање во елитните ски-центри.Дел од нас судиите се сомневаме за наши колеги дека незаконско постапуваат“, додава Кацарска.

Во врска со ветингот, таа силно го поддржува тој процес, но гледа дека мегународната заедница е против.

,,Крајно време е да се направи проверка на имотот на судиите, но не само на имотот на сопствено име  туку и на потесното и поширокото семејство, брат ,сестра. .“,вели Кацарска

Според неа платата не е гаранција дека некој судија нема да биде корумпиран.

Кога државата се наоѓа во вонредна ситуација и тоа втор месец и не знаеме каква ќе биде нашата економска ситуација откако ќе заврши состојбата со короновирусот, сметам дека ние судиите требаше да бидеме пример и да ја прифатиме уредбата на Владата а уште можеби и самите претходно требаше  да реагираме и сами да кажеме дека се откажуваме, изјави во емисијата ,,Стадион“ судиката Добрила Кацарска, во врска со кометарите дека таа размислувала така затоа што не била член на Здружението на судии кое што поднесе уставна тужба до Уставниот суд поради одлуката на Владата.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%