ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Приватизацијата, големите земјоделски комбинати, „Џумајлија“, браќата Даневски, Субрата Рој – беше темата во денешниот „Стадион“ (ВИДЕО)

today02/05/2020 17

Background

За најцрн период од осамсостојувањето на Македонија ја сметаат приватизацијата илјадници работници што останаа без работа. Приватизацијата на претпријатијата со општествена сопственост е уште еден парадокс кој без егистенција остави многу семејства. Од друга страна, во тој процес никнаа новопечени богаташи, кои преку ноќ се издвоија како нова елита. Судовите беа претрупани со стечајни постапки, обвиненија за корупција, но ретко кој доби казна. Приватизацијата, низ призмата на некогаш големите земјоделско-индустриски комбинати, од кои речиси сите пропаднаа, а преку примерот на агрокомбинатот „Џумајлија“, беше темата во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“ во серијалот „Парадокс“.

АК „Џумајлија“ своевремено беше двигател на општината Лозово, па и на поголемата соседна – Свети Николе и на целото Овче Поле. Комбинатот веќе 12. година е во стечај, а некогашните доминантни сопственици – Зоран и Слободан Даневски, како едни од ретките осомничени за такви дела, завршија во затвор. Постариот брат, Слободан, некогаш градоначалник на Свети Николе и пратеник во македонскиот парламент, е веќе слободен и сега, наместо во Свети Николе, живее во Скопје, а помладиот, Зоран, некогаш директор на Ветеринарната управа, по екстрадицијата во Бугарија, каде што избега, веќе петта година ја издржува затворската казна. Осуден е за повеќе кривични дела – затајување данок, исчезнување жито од државните резерви, земање кредит од банка во име на АК „Џумајлија“, па префрлање на парите на својата приватна фирма, со кои станува доминантен сопственик на комбинатот во времето кога тој бил директор, а неговиот брат претседател на Управниот одбор на АК „Џумајлија“…

Во рамките на денешната емисија „Стадион“ беше емитувана и истражувачката новинарска сторија „Проектот ’Џумајлија’, со кој браќата Даневски од регионални моќници станаа затворски станари“ на Весна Коловска, која реализираше и опширен разговор со Зоран Даневски во штипскиот затвор.

– Бевме жртви на политиката. Брат ми тогаш беше пратеник во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но реши да се кандидира за независен кандидат за градоначалник на Свети Николе. Работите тргнаа на лошо кога загуби на изборите. Потоа и моите моќни пријатели ми свртеа грб. Се редеа апсурни обвиненија, пресуди… Јас сум еден од ретките, веројатно и единствен, кој беше осуден за стоковни резерви. Такви случаи имаше и во Велес, Прилеп, Штип, Куманово, Радовиш, па и во светиниколски „Жито промет“, но некои поминаа без, а други само со условна казна. Најпрофитабилните делови на АК „Џумајлија“, како винарската визба и хотелот, потоа ги зедоа луѓе од или блиски до штипски „Бетон“, лозовите насади ги зеде „Зегин“, а потоа фирма за обезбедување… Ако гледам вина во себе, тоа е зашто не постапив криминално. Да го продадев комбинатот, па да ги однесам парите во странство. Како што направија други бизнисмени кои и ден-денес неосудени слободно шетаат низ Македонија – рече Зоран Даневски.

Малцинскиот акционер Трајче Георгиев истакна дека браќата Даневски го добиле конбинатот исчистен од долгови, но, едниот како пратеник, другиот како директор на Ветеринарната управа, биле опиени од моќта и мислеле дека никој ништо не им може, па од незнаење и недомаќнско работење ја уништиле компанијата.

Со „Џумајлија“ е врзана и приказната за пропадната инвестиција на индискиот милијардер Субрата Рој, кој на нивите на „Џумајлија“ требаше да одгледува храна за илјадниците крави што ги најави во Овчеполието.

– Договорт беше склучен во почетокот на 2013 година со време на закупнина од 15 години, а за површината од 5.353 хектари годшната закупнина била утврдена на 121.000 евра. Откако за две години немаше никаква инвестиција и земјата остана необработена, договорот се раскина, а гаранцијата од три милиони евра ја исплатија – рече инистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски во разговор со водителот на емисијата, Столе Наумов.

Во емисијата се вклучи и некогашниот директор на Агенцијата за приватизација, Мирољуб Шукарев, кој истакна дека никаде во светот не постои идеален модел на приватизација.

– Македонија, како и речиси сите поранешни социјалистички земји, доживеа криминална приватизација. Но, тогаш имаше поддршка од државните органи, но премолчано и од работниците. Од страв за работните места, премногу лесно преминаа преку тоа и останаа со прстот во уста. Сега треба да се внимава да не се случи нешто слично и при очекувата криза предизвикана од коронавирусот – истакна професорот Здравко Савески.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%