„Млада си, можеш да работиш“ и’ одговориле на Снежана Караџовска, која со ампутација на двете нозе не може да добие инвалидска пензија (видео)

Снежана Караџовска, се бори со системот, која и покрај ампутираните нозе во надколеница, не може да добие трајна инвалидска пензија. – Не ми бараа пари, но ме одбија за пензија, ми рекоа, млада си, можеш да работи.Една година се надевав дека со протези ќе можам да проодам, поради тоа побарав инвалидска пензија дури по една година, вели Караџовска. Во емисијата Стадион на Канал 77, Караџовска откри дека од државата добива само 5000 денари надомест, додека за било каква информација е принудена да бара помош од пријатели. Караџовска настрада во сообраќајна незгода на туристички автобус во Турција.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА