ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Kanal 77

477 Results / Page 28 of 53

Македонија не е само Скопје

Земјоделци се жалат на неквалитетни ѓубрива, инспекциите тврдат – се’ е во ред!

Какви репроматeријали користат македонските земјоделци? На терен фармерите реагираат дека вештачктие ѓубрива и биохемиските препарати не даваат ефекти за заштита на растенијата и за поголеми приноси од земјоделските посеви. Аптекарите, пак, тврдат дека се што се продава се контролира во акредитирани лаборатории. Проблемот што нема ефекти го лоцираат во несоодветната примена. Земјоделскиот инспекторат нема изречено казни бидејќи, според нив, во последниве две години сите ѓубрива и препарати не отстапуваат од пропишаните норми, својства и активни елементи. Кој ги штити земјоделците […]

today11/02/2019 34

Македонија не е само Скопје

Државата ниту ја развива ниту остава друг да инвестира на Попова Шапка

Малку скилифтови, кои често се расипуваат, и останатата скијачка инфраструктура е стара со децении, поради катастрофалната состојба бројот на туристи е во постојано опаѓање, хотелиерите стравуваат дека новата скијачка сезона нема да започне, а велат и дека се во голема неизвесност од потезите на двете последни влади – претходната ветувала милионски инвестиции во Центарот, а оваа сакала да го дава под концесија Пишува: Зоран Димовски Една слика илјада зборови. Фотографијата над самиот текст сама по себе покажува во кој правец […]

today11/02/2019 31

Зголемена локална транспарентност

Политичката криза се заканува охриѓани да ги остави без егзистенција

Политичката криза може многу семејства во Охрид да остави без леб.Ако нема разрешница, предупредуваат туристичките работници, тогаш таа сериозно ќе удри врз туризмот кој е водечка стопанска гранка во градот. Иљадници граѓани го очекуваат доаѓањето на туристичката сезона како можност да заработат некој денар повеќе, како би го преживеале остатокот од годината. Половина Охрид живее и егзистира од туризмот како водечка економска гранка во нашиот најголем туристички центар.Но, политичката криза може да им ги расипе плановите. Ако нема разрешница, тогаш […]

today28/12/2018 48

Зголемена локална транспарентност

Шкариќ: Референдумот во Гевгелија е обврзувачки за државата

Ќе се јави конфликт меѓу граѓаните и власта доколку институциите не ја почитуваат граѓанската воља искажана преку референдумот, бидејќи граѓаните се носители на власта. Ова е толкувањето на професорот по Уставно право, Светомир Шкариќ, за искажаниот скептицијам во јавноста, дека граѓанското „не“ за изградба на рудник во Гевгелија, нема да биде почитувано од централната власт. Од друга страна, игнорирањето на граѓанската воља, може да биде обесхрабрувачки за новите вакви иницијативи што се најавуваат. Резултатите од референдумот од Гевгелија , преку […]

today28/12/2018 128

Зголемена локална транспарентност

Грците го прават Дојран успешна приказна

Кога ќе се спомене Дојран и погранично место, веднаш првата асоцијација е на трговската размена со посетителите од јужниот сосед, која значително се зголеми во последните години на економската криза што ескалираше од другата страна на границата. Грците ги преплавија бензиските станици, стоматолошките ординации, дуќаните, рестораните, пазарите во пограничните места со Македонија, меѓу кои е и Дојран, па се поставува прашањето – може ли и ова мало туристичко гратче да има целогодишна економска придобивка од статусот погранично место? Улогата на […]

today28/12/2018 77

Зголемена локална транспарентност

Валандовчани задоцнија со референдумот за рудникот Казан дол?

Предлогот за референдум, преку кој граѓаните на општина Валандово ќе се изјаснат за изградба на рудник, доаѓа во време кога компанијата веќе напредна во градежните работи. Почната e градбата на рудникот, се поставува магистралниот цевковод, оформени се бедемите на работното и на акумулационото езеро. Украинската компанија Сардич, која го гради рудникот, уште во 2015 година доби дозвола за градба, одобрена е еколошката студија. Се чини, граѓаните кои покренаа иницијатива за референдум, се пред свршен чин. Меѓутоа, иницијаторите не мислат така. […]

today28/12/2018 26

Зголемена локална транспарентност

Куќите подарок од Жан Митрев – купишта цигли, даски и рамки без слики

Нема пари за реконструкција на една од куќите што општината ги доби на подарок од штипскиот кардиохирург, Жан Митрев. Средствата што ги доби преку Источно планскиот регион отидоа во Виница. Од општината велат одбиени се без образложение, од Источно планскиот регион пак, недостасувала потребната документација. Во Штип има околу дваесет стари куќи со решение за културно наследство. Додека го чекаат својот ред за некаква помош од државата, некои од нив можат да станат прашина. Познавачите на овие состојби велат, градиме […]

today28/12/2018 59

0%