ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

144 Results / Page 13 of 16

Background

Парадокс

Во „Стадион“ се дебатираше за акционерските права, голготата на малцинските акционери, берзата, акциите…

Во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“, во рамките на серијалот „Парадокс“, парадоксите беа побарани во акционерството, акционерските права и нивната заштита, обесправеноста на малите, малцинските акционери и нивните голготи по судските лавиринти, недоволната обученост на судовите за оваа материја. Се зборуваше и за берзата, за која македоските бизнисмени се’ уште не се доволно заинтересирани и како да се плашат од партнерски односи, споделување во управувањето и профитот, исплата на дивиденди, за ретките позитивни искуства на храбри инвеститори, за поттикнувањето […]

today07/03/2020 5

Парадокс

Стечај и ликвидација на сметка на малите, а бизнис интереси за големите акционери

Заштита на правата на малцинските акционери од злоупотреба на мнозинските, во праксата на корпоративното управување во Македонија остана една од најсериозните слабости, што е нотирано и од меѓународните организации. Евидентни се случаи на акционерски друштва кои завршуваат со децениски стечај како резултат на потезите на големите акционери, на штета на малите. Сето тоа се препишува на личен бизнис интерес, поткрепено преку сомнителен начин, со примеси на корупција, преку злоупотреба на институциите. Кога се работи за компании во малите средини, последиците […]

today05/03/2020 134

Парадокс

Како се градеше Белиот дворец на ВМРО ДПМНЕ? (видео)

Партиската зграда на партијата ВМРО ДПМНЕ е градена во партнерство, но не според принципот на јавно приватно партнерство. Единственото точно е дека зградата е направена со партнерство со компанија, која добива свој дел, додека локацијата е на партијата. Ова е објаснувањето што на коментар  на слушател на Канла 77 во емисијата Стадион го дава познавачот на темата јавно приватно партнерство, Мирослав Трајановски. Претседателката на тинк тенк организаицјата Тамара Мијовиќ Спасова во емисијата даде и повеќе толкувања за досегашното практикување на […]

today02/03/2020 14

Парадокс

Ќе има ли одговорност на градоначалниците за штетните договори? (видео)

Три години се чека наодот од судското вештачење за ракионатиот договор за јавно приватно партнерство на Општината Свети Николе со струшката компанија Сити Лајт. Три години стои и кривичната пријава за овој случај во јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, каде Финансиската полиција доставила кривични пријави за поранешен градоначалник и управителот на Сити Лајт. Од Обвинителството велат дека предеметот се’ уште е во предистрага. Институциите за ги покренат овие постапки, бара актуелниот градоначалник Сашо Велковски, кој беше гостин во […]

today29/02/2020 7

Парадокс

Трамвајскиот превоз може д асе реши само со заем (видео)

По лошото искуство со јавно приватното партнерство со депонијата Дрисла, што неодамна беше раскинато, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вели дека овој модел нема да го применат во решавањето на јавниот превоз и изградбата на трајнвајската мрежа. Шилегов во емисијата Стадион зборуваше и за осумгодишниот судски спор за Дрисла и штетите предизвикани во судскиот лавиринт https://www.youtube.com/watch?v=VlpnjG4wm7k&feature=emb_title

today29/02/2020 2

Парадокс

Трансмет на Кочан платил по 4000 евра дневно казна за доцнењето на зградата на Општина Ѓорче Петров (видео)

-Советниците, за да го заштитат поранешниот градоначалникот, донеле несреќна одлука за да може компанијата Трансмет да отуѓува простор од деловниот простор на недоградената општинска зграда. Таа одлука на Советот ја искористил Трансмет да зема кредити. Кога ќе падне лавината, ги фаќа сите. Побарав од исте институции да ми дадат памат. Никој не знаеше да каже. Сите дописи беа без конректни чекори. На крајот донесовме одлука на Совет да можеме да продолжиме да ја градиме зградата и тие 1.380.000 евра да […]

today29/02/2020 38

0%