Стечајните управници последни го ставаат клучот на фирмите
Бројните кривични пријави , па и пресуди со затворски казни за стечајни управници се најдобра илустрација за тоа како завршија дел од стечајните постапки изминатите петнаесетина години. Професијата стечаен управник многу често беше сфаќана како алатка, со која преку една стечајна постапка, човек може да се обезбеди за цел живот. Работите многу не се променети и денес. Доказ за ова се серијата кривични пријави, што лани во ноември МВР ги поднесе со соменевање за злоупотреба на службената положба и овластување […]