Вонредна состојба во државата, вонредна состојба во економијата, која ги затвори угостителските објекти, продавниците, пазарите, а дел од вработените остнаа дома. Многу бизниси се водат од далечина, од софата во дневната соба. Коронавирусот ја забави економијата, а во одредени сектори и сосема ја стопира, што особено го почуствуваа малите бизниси по локалните средини. Први на удар се транспортерите. Камионите на штипската транспортна компанија „Балекс“ најчесто возеа во Италија, каде дел и се затекнаа со раширувањето на заразата во оваа европска […]
Засега до Обвинителството не се поднесени никакви материјали т.е документации со кои се укажува на сомневање за злоупотреби во земјоделието, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во неговото гостување во емисијата Стадион. Тој тврди дека се уште се работи и дека поголем дел од документацијата се наожа во Бирото за вештачење. https://youtu.be/myzYic25Uo0
Досега со министерот за ЗШВ ,Трајан Димковски комуницираме само службено изјави во телефонското јавување во емисијата Стадион ,заменскиот министер во оваа министерство, Цветан Трипуновски.Тој вели дека имаат утврдено голем број на неправилности во работењето на Министерството, како на пример издавање на едно исто земјиште на двајца апликанти . „Токму поради тоа имаме поднесено кривични пријави против членови на комисиите како и против актуелниот Министер Трајан Димковски“, вели Трипуновски. https://youtu.be/bRJLrIQ2Yg8
Голем дел од земјоделското земјиште во Македонија не се обработува. Не функционира земјоделскиот катастар и сопственоста. Затоа под итно треба да се формира Агенција која ќе управува и менаџира со земјоделските површини – изјави во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, Драги Димитриевски, професор на факултетот за земјоделски науки и храна. Тој тврди дека порано во земјава се обработувало вкупно 660.000 хектари обработливо земјоделско земјиште, денеска ако се погледне статистиката ќе бидиме дека имаме можеби околу 40% или во моментов […]
Според министерот за земјоделие Трајан Димковски приходите и извозот на земјоделски производи постојано растат. Проблемот со реиздавање на земјоделско земјиште мора да се решава заедно со земјоделците. За професорот Драги Димитриевски субвенциите се нужни и неопходни за целокупното општетсво не само за земјоделците. Критериуми за подобрување на методологијата по производ се потребни, меѓутоа субвенциите имаат и силно ценовно влијание на пазарот и снабдувањето со земјоделски производи за граѓаните во државата. Министерот Димковски тврди дека во изминатите 2,5 години поради разни […]
Државата нема увид со колкава површина државно земјоделско земјиште располага. Едни го земаат тоа земјиште, други ја обработуаат земјата, некои узурпираат, други профитираат… Во чии раце е земјоделството – во тие на земјоделците или на зелената мафија. Ова беше денешната тема на емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ во рамките на серијалот „Парадокс“. Само во изминатите три години на земјоделците им се исплатени речиси 400 милиони евра субвениции. Дали соодветно е зголемено и земјоделското производство или и понатаму се зголемува увозот? […]
Со распаѓањето на големите земјоделски комбинати во државна сопственост, огромни земјоделски плодни површини останаа необработени. Со цел надминување на овие состојби, но и за намалување на бројот на невработени лица кои по разни основи останале без работа државата започна да ги издава овие слободни земјоделски површини. Со текот на годините се менуваа условите за издавање на плодното земјиште, за да со зголемувањето на висината на субвенциите се зголемуваше и интересот за земање под концесија на што поголеми земјоделски површини,па така […]