Парадокс, новинарски истражувачки приказни-Државни пари за медиумски опстанок или медиумски “шепот”
https://youtu.be/O2mHBxz_1Fw
https://youtu.be/O2mHBxz_1Fw
Медиумите се релативно скапа работа а парите во игра се мали, вели политикологот Борјан Ѓузелов во гостувањето на Стадион на тема „ Државни пари за медиумски опстанок или медиумски „шепот“. Државната поддршка за нешто што треба да значи јавна сфера и јавен интерес, информациите за активностите на централно или на локално ниво, не е нужно лошо, проблемот се јавува кога тоа ќе се злоупотреби.Тоа беше така изминатите единаесет години а и сега се изнаоѓаат иновативни начини тоа да се злоупотреби.Ние […]
Во гостувањето во емисијата Стадион, на Канал 77, претседателот на ДИК, Оливер Дерковски изјави дека за претстојните парламентарни избори, за изборната кампања се пријавиле речиси сите дневни, печатени весници, телевизиите-национални, локални и регионални, радијата. Голема е бројката а колачот е точно определен, 3.630.000 евра. Според измените во изборниот закон од тие средства 45% ќе им припаднат на партиите од позицијата кои што на минатите избори ја освоиле власта, 45 % на партиите во опозиција и 10 % на другите партии, […]
Без никакви забелешки и со консензус политичките партии преку законски измени се договорија државата да им ги плаќа медиумските кампањи. Процесот започна и по веќе одржани Претседателски избори, државата на партиите, т.е медиумите им подели 3,75 милиони евра. Медиумите поделија и колач од 900.000 евра, пари за реферндумската капања. За претседателската кампања регионалните и локалните медиуми поделија околу половина милион евра. Од тоа, најголема сума доби охридската ТВМ-100.000 евра и по 50.000 евра, ТВ Стар од Штип, ТВ Коха од […]
https://www.youtube.com/watch?v=Lwvx43pL43E&feature=youtu.be
– Не постои никаде регистер на судии поротници кои пријавиле влијание, притисок или закани, но за моето истражување еден судија кратко и јасно ми кажа дека во текот на судењето странките буквално му ги купиле поротниците, е ставот на Васко Маглешев, новинар на БИРН. https://www.youtube.com/watch?v=HX1KrpdL2Zo
- Имаме судии поротници со 18 години, а ги ограничуваме кандидатите на возраст со 60 години кандидати, кога се во најголема зрелост, со најголемо искуство и мудрост за делење правда. Судиите треба добро да го менаџираат процесот и изборот на судии поротници во спротивно да одговараат и да бидат разрешени. Поротниците исто како и судиите треба да бидат надвор од партиите и политичките активности, е еден од ставовите изнесени во Стадион Парадокс. https://www.youtube.com/watch?v=IFtdRgT3crU
– Во 2015 година 49 судии поротници онака, случајно си дадоа оставка и веднаш беа избрани нови поротници, строго по партиска линија од тогашната власт на ВМРО ДПМНЕ?!, вели Тодоровски. https://www.youtube.com/watch?v=m3Egd0fgn9M