Аграрот беше тема во денешниот „Стадион“: Во чии раце е земјоделството – во тие на земјоделците или на зелената мафија? (ВИДЕО)
Државата нема увид со колкава површина државно земјоделско земјиште располага. Едни го земаат тоа земјиште, други ја обработуаат земјата, некои узурпираат, други профитираат… Во чии раце е земјоделството – во тие на земјоделците или на зелената мафија. Ова беше денешната тема на емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ во рамките на серијалот „Парадокс“. Само во изминатите три години на земјоделците им се исплатени речиси 400 милиони евра субвениции. Дали соодветно е зголемено и земјоделското производство или и понатаму се зголемува увозот? […]