ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Проекти

224 Results / Page 23 of 25

Ноќен Експрес

Ноќен Експрес на Канал 77 Радиовизија – Емисија 2

https://youtu.be/H81SO_U7-fA Тема на Ноќен експрес: „Муабетот не е за по телефон … ама е за радио“ за прислушувањето и скандалот со прислушуваните телефонски разговори. Го отворивме прашањето дали по скандалот полиитчарите и јавните личности па и обичните граѓани се претпазливи при користењето телефон и друг вид на комуникација. Гости во емисијата: Сафет Бишевац, поранешен пратеник и новинар, Младен Крстевски, актер и режисер. Музички бенд: Баже и Hot line Карикатурист: Методи Андонов.

today26/12/2018 34

Ноќен Експрес

Ноќен Експрес на Канал 77 Радиовизија – Емисија 1

https://youtu.be/G4y2DsSf16g Тема на премиерното издание на „Ноќен експрес“ со наслов „(Контра)протести“ со гости: Јован Постоловски – Јофе, Митко Гогов, граѓански активист, Братислав Димитров од ГДОМ, Илија Бошков Крајнички, астролог. За текот на „Шарената револуција“ и контрапротестите од ГДОМ и мотивите за тие протести. Музика во живо: Илија Кикиритков Карикатурист: Методи Андонов

today26/12/2018 20

Ноќен Експрес

Политика, хумор и сатира во радио етерот: „Ноќен експрес“ на Канал 77

Радио Канал 77, во среда на 27.04.2016 стартуваше со нов проект под името „Радиовизија“. Станува збор за мултимедијална платформа со чии рамки ќе се емитуваат 20 емисии (понеделник, среда и петок), во терминот од 21:00-23:00 часот од студијата на Канал 77 во Штип и Скопје, како и од седум различни градови низ Македонија. „Ноќен Експрес“ е името под кое ќе се реализираат 20-те емисии во понеделник, среда и петок, од двете студија на Канал 77 во Штип и Скопје и […]

today26/12/2018 23

Билет во два правци

Дефицитот на млади стручни кадри ќе ја „згасне“ текстилната индустрија

Иако е една од водечките во земјава, текстилната индустрија ја губи својата атрактивност пред младите луѓе. Стотината конфекции во градот кој е познат по оваа индустрија, Штип со години се соочуваат со дефицит на млади стручни кадри. Во Средното текстилно училиште во градот, каде некогаш се образовале кадри и од Србија, бројот на ученици континуирано се намалува. Професионалците како една од причините го наведуваат мигрирањето на многу штипски семејства не само надвор од градот, но и надвор од државата. Во […]

today26/12/2018 218

Билет во два правци

Податоците низ историјата велат повеќе Македонци живеат низ светот, отколку во Македонија

„Татковино те љубам како стари чевли“ – вели една мисла на Сервантес. Младите од Македонија ја љубат својата земја, но илјадници од нив старите чевли ги оставија во татковината. Што прават граѓанските активисти, што прави државата да ги задржи сопствените граѓани но и да се одржи врската со дијаспората, истражуваше Весна Крстева. Пред повеќе од една година илјадници пара обувки во знак на сеќавање на сите блиски кои решиле да заминат во странство, беа поставени пред Владата на Република Македонија. […]

today26/12/2018 101

Билет во два правци

Од идеја до реализација, пат послан со трња и рози

Имаме Фонд за иновации, но немаме фонд за патенти. Македонските иноватори го поздравуваат формирањето на Фондот за иновации, но сметаат дека не само фирмите и институциите, треба да се финансираат и поединците за да можат своите идеи да ги финишираат во патент т.е производ. Без соодветна техничко-образовна култура, нашите иноватори лесно можат да станат цел и дел на Стратегиите за иновации на други земји, сметаат македонските иноватори. Сторија на Весна Крстева Триесетичетири годишниот Зоран Тодоровски, познат меѓу прилепчани под прекарот […]

today26/12/2018 422

Билет во два правци

Само милиони на маса можат да ја вратат интелектуалната емиграција

Со пари од Американската агенција за развој УСАИД, во 2013 година Македонија усвои Национална стратегија, која требаше да придонесе во намалувањето на масовниот одлив на високо образовани кадри. Документот предвидува серија мерки на владините институции за задржување на овие кадри и враќање во државата на оние кои замнинале. По четири години, Стратегијата е само архивски документ на Владата, а на интернет страницата на Министерство за образование и наука не може да се пронајде. Истражуваме, како се случи да државата да […]

today26/12/2018 113

Билет во два правци

Скапо ја „чинат“ Виница билетите во два правци

Едни заминуваат но се враќаат, други заминуваат за трајно да се иселат. Проблемот со иселувањето во општина Виница стагнира, тврди градоначалникот Емил Дончев. Жителите велат поинаку. Сторија на Весна Крстева Невообичаен метеж, луѓе и автомобили по улиците во центарот на градот не’ дочекaа во Виница при нашата посета. Сликата што ја видовме го демантираше она што наголемо го алармираат речиси сите, дека Виница е пуст град. Но дилемата за првичната перцепција беше решена, среда бил пазарен ден во овој град. […]

today26/12/2018 126

0%