Повеќе од еден месец Душко Илиевски, познат во јавноста како Душко Млекарот заедно со семејството е во Германија. Нема намера да се враќа и веќе доставил барање за политички азил. Ова во емисијата „Ноќен експрес“ на Канал 77 го потврди неговиот другар, Кире Велковски, лидер на тутнарските протести во Битола. – Душко моментално е во Германија. Избега од полицијата и судството. Имаше повеќе кривични пријави за учество во протестите на Шарената револуција во Битола, божем нападнал и полициаец и за […]