Валбон Лимани во Стадион: Гостивар во моментов нема филтер станица, а јас не знам со какви дозволи располага или не комуналното претпријатие

Во најновото издание на емисијата Стадион ексклузивно за слушателите на Канал 77 со првиот човек на Општина Гостивар, Валбон Лимани. Прашан за тоа каде ја гледа најголемата вина за колапсот на водоводниот систем во Гостивар, Лимани нагласи дека не чуствува морална одговорност а не сакаше да пријудицира било што пред завршување на истрагата.

Истакна дека Општина Гостивар не располага со пречистителна станица и дека самиот не знае со какви лиценци и дозволи располага или не јавното комунално претпријатие одговорно за квалитетот на водата за пиење. Како е можно градот под Шара да нема доволно вода за пиење, дали градоначалниците повеќе се вложуваат во градење паркови и тротоари а не подземна инфраструктура затоа што не се гледа и не носи политички поени, кога и кој ќе застане на чело на јавното комунално претпријатие во градот и ќе се најде ли јунак да ја превземе одговорноста, за ова и многу повеќе слушајте во најновото издание на Стадион на Канал 77, на линкот во продолжение:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА