Се’ е добро кога добро ќе се заврши, токму од таа причина ние од Канал77 решивме крајот на 2023-тата да го одбележиме со исполнување на вашите новогодишни желби. Во тек на декември се посветивме целосно на вашите пријави за нашата наградна игра „Листа на желби”, со многу внимание и љубов ги читавме вашите искрени новогодишни желби и најдобрите ги наградивме со по 6000 денари благодарение на нашите пријатели од Флекс Кредит. Ви благодариме на сите за учеството и се надеваме дека тоа што ви ги исполнивме новогодишните желби е само почеток на исполнувањето на вашите најголеми мечти и амбиции во 2024-тата!
Добитници од наградната игра „Листа на желби”
Име и презиме: Весна Ѓоргиева
Вашата приказна: Еве вака, скоро секоја нова година се собираме друштво кај нас, меѓутоа само јас сум женско, другарите немаат партнерки, па на крајот сета работа ми останува мене, ми помага сопругот, но садовите за миење се мои, па така моја новогодишна желба е една машина за садови со помош од дедо мраз да ми се олесни дочекот на оваа нова година.
Име и презиме: Елизабета Митрова
Здраво, јас сум Бети, сопственик на маалски дуќан во Велес. Ве следам редовно и до сега не сум учествувал во ниедна ваша игра а сте ги имале многу, сум немала потреба. Неодамна разбрав дела мој сосед од дуќанот немал телевизор од 2019тата, тоа многу ме растажи и погоди, па доколку добијам награда веднаш ќе му подарам тв, секако со моја доплата.
Име и презиме: Симона Стаменкова
Вашата приказна: Мојата новогодишна желба е да ја добијам наградава, а за прашањето зошто да ја добијам, одговорот е едноставен, затоа што цела 2023та не добив ниту една награда. Заслужувам нели да се почестам и јас со едни чизми. 😅
Име и презиме: Благица Трпковска Јоковиќ
Вашата приказна: Минатата недела,поточно во средата ми ја обија колата.Ја носев ќерка ми на балет,Козле.Покрај сите џипови и колишта паркирани кај Чашка и Канцона моето мало и прљаво Ајго го одбраа.Мој приоритет беше да ја испратам до влезот на балетското студио и сред бел ден 15ч.,фрекфенција на луге за 10 мин.скршиле страничен прозор позади.Ранецот на ќерка ми за во училиште со сите книги,термос за вода и торбичка за храна како фрижидерче.Се утепа од плачење,книгите секако неможам да и ги купат ..мон немаат…барем ранецот,термос и торбичката за храна…Ете тоа е мојата новогодишна желба.
Име и презиме: Павле Плавов
Вашата приказна: Јас чукам на тарамбука дома за наши седенки а голема желба ми е од кога знам за мене, сакам голем селски тапан, па новогодишна желба ми е да си купам селски тапан кој половен чини 9000 до 10000 во зависност од состојбата а нов чини 350 евра и да почнам да одам по свадби и други веселби и да си го остварам сонот да чукам на голем селски тапан, ќе ги развеселувам луѓето, а плус и ќе заработувам.
Име и презиме: Никола Смилков
Вашата приказна: Имам ќерка со аутизам. Мојата најголема желба е да и купам телефон, затоа што таа не може без мобилен телефон. Нема сопствен телефон и постојано го зема мобилниот на мајка и. Каде и да одиме таа постојано бара мобилен телефон за да игра игри или да слуша музика кои ја прават среќна. Оваа сума значително ќе помогне при фундирање за мобилниот телефон на мојата ќерка.
Име и презиме: Ненад Мишевски
Вашата приказна: Бидејќи со сопругата ја очекуваме нашата трета среќа, која ќе дојде на свет за околу 2 месеци нашата новогошна желба се количка, креветче, релсксатор, и се друго пропратно што треба за нашата принцеза. Батковците ни се поголеми 14 и 9 год па се што имавме од нив подаривме каде беа потребни. Па сега се одпоново.Овие 6000 ден ќе ни помогнат до крајот на бременоста да обезбедиме се што ни е потребно за доаѓањето на свет на третата среќа наша
Име и презиме: Марина Алексиќ
Вашата приказна: Добро утро. Ве слушаме секое утро со колешка ми на работа. Еднаш се пријавив, не ме извлековте и секое ново утро колешка ми ми вика “Ама ајде пријави се уште еднаш, не губи надеж”(и сега се пријавувам без да знае хаха).
Ехх сега желбата моја, напишав и минатиот пат и сега исто, не ја менувам.
Ехх како поминува времето испуштив многу убави тури на планина поради тоа што не можам во овој момент да си купам асални и квалитетни гојзерици.
Минатиот пат нозете беа замрзнати, не смеам да ризикувам…
Ве поздравувам многу и супер стеее, Ве обожаваме да си знаете!
Име и презиме: Благој Даскаловски
Вашата приказна: Невестата да ја однесам на БАЊИ.
Име и презиме: Маја Ангеловска
Вашата приказна: Нашата новогодишна желба т.с на мојте две ќерки и моја е дедо мраз на нашиот татко и мојот сопруг Роберт да донесе едни топли и убави чизми. Бидејќи он е наш дедо мраз ги исполнува нашите желби и барања, секогаш успева да исполни што ќе ни вети и секогаш за себе е скромен а за нас премногу дарежлив.
Затоа оваа година сакаме дедо мраз да донесе едно пакетче за него
Име и презиме: Никола Грозданов
Вашата приказна: Ај прво здраво, трета година по ред Здружението на велосипедисти МТБ ШТИП, учествува на новогодишно вело возење низ градот Штип, облечени како Дедо Мраз делејки скромни подароци (чоколади) за најмладите, па така и оваа година сакаме да поделиме скромни подароци (пакетчиња) и да измамиме насмевки кај неколку среќни дечиња кои ќе се најдат на улиците за време на возењето, така да овие 6000денари би ги донирал за таа цел. Спорстки поздрав од МТБ ШТИП и од мене како претседател!
Име и презиме: Борче Денковски
Вашата приказна: Пред некој ден мајка ми ми побара овошна торта, па зошто е болна од карцином на бели дробови би сакал да и ја исполнам желбата за Нова Година.
Име и презиме: Габриела Спасевска
Вашата приказна: Непосредно пред мојот роденден, фирмата во која работев пропадна и останав без работа. Годинава ми беше многу баксузна и исполнета со негативни случки, па би сакала за крај на оваа година да го променам тој впечаток. Со парите од подарокот би им купила пакетчиња на моите деца и роденденски/новогодишен подарок за мене.
Име и презиме: Ема Неделковска
Вашата приказна: Мојата новогодишна желба е барем еднаш да славам Нова година надвор од Македонија, на пр. на плоштад во Солун, но, за жал парите планирани за Солун ги дадов за вадење документи:
2 лични карти, возачка и 2 пасоши (кои ги задржуваат во мвр). И сега немам ни пари ни пасош да патувам. Сега мојата Новогодишна желба е барем до Охрид да одам со моето семејство. Поздрав до Дедо Мраз! Се надевам ќе ми ја исполни желбата
Објавено од: Kire Andonov
Дедо Мраз добитници желби Канал 77 македонија Нова година порадуваме флекс кредит