ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Зголемена локална транспарентност

Конфекционерките можат да добијат двојно повисоки плати

today28/12/2018 26

Background

За осум години македонската текстилна индустрија останала без 10.000 работници или една третина помалку. Ниските плати и интензивната работа не се атрактивни за младите, кои или продолжуваат на факултет или заминуваат во странство. Работодавачите побараа по 50 евра месечно за работник како стимулација, пари кои директно ќе одат на нивните сметки. Засега нема решение за недостатокот на работна сила.

Со дијалог меѓу двајца штипјани кои седат во кафена, испивајќи ракија, додека поминуваат авотбустите полни работнички кон кофекциите, почну филмот Шивачки на режсерката Билјана Гарванлева. Речиси дваесет години подоцна како ништо да не е сменето. Платите се малку повисоки, благодарение на донесувањето на законот за минимална плата. Шивачките станаа средовечни со сон за пензија, која нема да изнесува повеќе од сто евра.

Ти го мерат времето и за тоалет

Текстилната работничка од Кавадарци Вера Кујунџиева ги опишува условите за работа во конфекциите, кои како што вели, се исти секаде.

Текстилните работници немаат права. Немат никакви права. Третирани се токму како робови, во буквална самисла на зборот. Кога одат на работа, не знаат кога ќе се вратат. Имам контакти со многу жени, од други градови, конфекционерки, има и многу грозни случаи. Се бркаат работници, трудни работнички.. за мобингот и да не зборувам, оди во крајност. Ти го мерат времето и во тоалет ако отидеш, сведочи Кујунџиева.

Текстилниот занает е последниот избор на младите во нивното кариерно насочување. Од конфециите не ги отвратува само домашниот муабет – учи ќерко да не останеш на машина како мајка ти, туку можноста за избор на младите, кој најчесто е врзан со некоја странска држава. Не помогнаа ни стимулациите и стипендиите, кои веќе неколку години ги доделуваат членките на Текстилниот кластер. Во можните решенија во обесзбедување на млада и квалификувана сила, работодавачите отидо чекор понапред со барање државата да ги стимулира работниците со по 50 евра, директно на плата.

Не велиме парите да ни ги дадат, нам работодавачите. Идејата е или работникот на својата сметка месечно да добива одреден износ или државата да определи износ за компанијата врз основа учеството во извозот, што потоа ќе и биде доделен како основа за повиски плати. Тоа би го запрело падот на вработените во оваа гранка, затоа што од 2008 па досега бројот на вработените во текстилната индустрија во Македонија е паднат од 46.000 на 36.000 работници. Значи околу 10.000 работници имаме помалку, вели Ангел Димитов, менаџер во светинколска „Мода“ и претседател на Организацијата на работодавачи.

Ако државата директно им ги давала парите на странските инвестиции директно на вработените, тие би оствариле скоро двојно повисока плата од тоа што го земале работејќи во овие фирми. Бранимир Јовановиќ, економист

Неправдата од државата, според  сопствениците на конфекциите е направена со нееднаквиот однос кон нив споредено со странските инвестиции, но и целосното отфрлање како гранка, која во вкупниот извоз на државата учествува со 12,7 отсто, вели претседатлеката на Кластерот, Мирјана Перковска.

Доколку интервенираше државата во текстилната индустрија, ќе се сменеше и степенот на миграција од државата“, вели Перковска и додава –

Ние се соочуваме со еден многу сериозен проблем за којшто бевме слепи со години наназад и затоа многу е тешко сега да се спречи иселувањето, односно тешко е врањето доверба во сопствената држава. Една многу важна работа која за која веќе треба да почне да се размислува – не може репер за плата да бидат платите во институциите кои живеат од производството. На еден вработен кој по осум часа не крева глава од машина му се исплаќаат едвај 12.000 до 15.000 денари, а некој кој цел ден е со кафе и со Фејсбук на интернет да зема од 20 до 30.000 денари, рече Перковска.

Се бркаат трудни работнички. За мобингот и да не зборувам, оди во крајност. Ти го мерат времето и во тоалет ако отидеш. Вера Кујунџиева, текстилна работничка.

Како до двојно поголема плата?

Од 2007 до 2015 година државата  потрошила 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции, а во тој период тие исплатиле плати во вредност од 92,1 милиони евра. Ова го покажа истражувањето на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје. Авторот Бранимир Јовановиќ вели дека платите на работниците во странските компании, вклучувајќи ги и тие во текстилот, како Џонсон контрол не се значајно различни, а како и домашните се без синдикати.

Средствата што државата ги издвојува за привлекување и поддршка на странските инвестиции се поголеми од сресдтвата за плати што работниците ги добиват. Значи, ако државата директно им ги давала овие пари на вработените, тие би оствариле скоро двојно повисока плата од тоа што го земале работејќи во овие фирми, кажа Јовановиќ.

Секојдневно се вртат огласите за вработување на текстилни работници. Има компании кои посотјано имаат отворени огласи за вработување. Старосниот просек на раобнтиците во тексилната индустрија постојано се зголемува. Во ек на предизборна кампања, компаниите имаа средба со политичките партии. Работниците излегоа со протест на работнички мантили и побораа синдикати, кои би се бореле за подобри услови за работа и повиоски плати.  Извесно е дека доколку нешто не се промени, тесктилната индустрија ќе го задржи ложиот имиџ на трудоинтензивна гранка, каде работат само тие што немаат каде или останале без бугарски пасош.

 

Подготовката на овој материјал беше овозможена со поддршка од Британската амбасада во Македонија, во рамките на проектот Зголемена локална транспарентност и отчетност преку квалитетни медиумски содржини. Мислењата и ставовите во овој материјал не секогаш ги одразуваат  мислењата и ставовите на Британската амбасада во Македонија. 

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%