ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Radio EastGate Mall
Play button

Билет во два правци

Во Охрид постојано има недостиг на работна сила тврдат надлежните, анкетите велат друго

today26/12/2018 58

Background

Младите од Охрид си заминуваат бидејки не гледаат перспектива овде, покажало истражувањето на Младинскиот совет од Охрид кое беше спроведено неодамна. Резултатите од анкетата која била направена помеѓу лица кои се веќе отселени од градот меѓу другото покажала дека една од најголемите причини за тоа е невработеноста. Димче Каневче од оваа организација вели дека си одат и оние кои се на возраст помеѓу 30  и 60 години.

Охриѓани заминуваат бидејки професионално не можат да се реализираат во Охрид

„Скоро никој од нив не би се вратил да живее во Охрид, пред се поради вработувањето кое што тука не можат да го најдат и не можат да се реализираат професионално, наведувајки дека најголемиот процент од оние кои бараат и наоѓаат работа е во угостителството. Тоа е малку симптоматично бидејки не го гледаат угостителството и туризмот како дејност во која треба да се пронаоѓа еден млад човек во Охрид, имајќи во предвид што станува збор за туристички центар“, вели Каневче.

Каневче додава дека поголемиот дел од испитаните кажале дека со заминувањето во странство многу лесно покрај вработувањето можат да го решат и своето станбено прашање.

„Исто така наведуваат дека многу лесно дали со некоја дообука наоѓаат работа по струка, а исто така со некои курсеви можат да се вработат на места кои се бараат во тие држави.За разлика од оние кои се во Македонија оние кои се во странство кажуваат дека сакаат да се вратат но не со цел да останат бидејки се скептици дека причините односно условите драстично би се промениле“, вели Каневче.

Граѓански организации со помош за невработените лица полесно да дојдат до работа.
Во последните неколку години само од Охрид си заминале нешто повеќе од 8000 граѓани. Но и покрај ваквата слика, многу граѓански организации и институти преземаат иницијативи и спроведуваат активности преку најразлични проекти кои имаат за цел да им помогнат на луѓето да се подготват за пазарот на труд и да останат во државата.

Институтот за економски истражувања и политики од Скопје, во соработка со невладина организација, Центрите за социјални работи и Министерството за правда го спроведуваат проектот „Секој има право и може да биде вработен“.

„Насловот на проектот е кои се под Министерството за труд и социјална политика во пет региони во Македонија. Потоа следеа обуки во овие региони на лица кои беа детектирани и беа вклучени и во рамките на кои беа обучени за меки вештини за барање на работа“, зголемување на капацитетите на лицата кои се во социјален ризик да се активираат на пазарот на труд.Почна со обука на вработени во институциите вели Наташа Павиќевиќ Стојменовска од Институт за економски истражувања и политики Finance tink од Скопје.

Потребен е поинаков пристап кон процесот на барање работа и вработување
Таа вели дека како резултат на нивните активности веќе се реализирале првите конкретни вработувања но и дека е потребен поинаков пристап кон процесот на вработување.

„Спроведовме активност кафе со работодавач каде повикувавме работодавачи да дојдат директно на средба со лицата кои бараат вработувања и можам да кажам дека на една од средбите дојде и до директно вработување. Сакаме да кажеме дека не е страшно и дека треба малку да се охрабрат луѓето. Треба малку поинаков пристап да се има кон самиот процес на барање работа, вработување и задржување на работното место“, вели Павиќевиќ.

И центрите за вработување спроведуваат низа мерки кои исто така на одреден број на граѓани веќе им овозможиле да почнат свој бизнис и покрај тоа што тоа не е доволно за да се спречи силниот одлив на младо работоспособно население.

Во Охрид постојано има недостаток и на работна сила
Маја Ташева Биткоска,од охридскиот  центар за вработување вели дека во Охрид постојано има недостаток и на работна сила.

„Ние ги инволвираме невработените на најразлични обуки каде ги стекнуваат своите вештини за пронаоѓање на работно место и за стекнување на други соодветни вештини за да си го најдат своето вработување на оскудниот пазар на вработување во моментот. Оскудеваме со медицински лица односно доктори и со заварувачи како занимања кои се барани на пазарот на трудот ,а ги немаме. Докторите најверојатно ни заминаа во странство како што е тренд во моментот, а заварувачите како потешко занимање го избегнуваат младите“, вели Биткоска.

Мерките на Агенцијата за вработување за лица до 29 години треба да ја намалат невработеноста.
Најновите две мерки  за вработување на млади лица до 29 години кои се спроведуваат во Агенцијата за вработување во Охрид се Унија се практиканство и обука за дефицитарни занимања.Тие се дел од Европски проект од ИПА програма на Европската Унија.

Марија Симјаноска од Агенцијата за вработување од Охрид вели дека некои од мерките се доста популарни помеѓу младите.

„Една од мерките е практиканство, која што се однесува на лица кои што имаат минимум завршено средно образование и кои што ќе стекнат прво работно искуство во областа за која што го завршиле своето образование. Обуката се однесува на период од три месеци и е платена од страна на Агенцијата за вработување, по 6 261 денар, бруто сума“, вели Симјаноска.

Во моментот се спроведува и обука за за дефицитарни занимања. Истата трае четири месеци од кои три се предвидени за теоретски дел додека четвртиот месец е практична работа

Мерките кои се нудат од струшкиот центар за вработување меѓу другото имаат за цел да го намалат и процесот на иселување
Директорот на Агенцијата за вработување во Струга, Џевит Зиба вели дека заминувањето надвор од државата е поради можностите кои се нудат и визната либерализација. Според него мерките кои тие ги нудат меѓудругото имаат за цел да го спречат овој процес.

„Најголемиот дел од мерките се однесуваат на лица до 29 години.Таквата категорија е најфлуидна има најмногу потреба од работа и би била изложена најмногу на тој миграциски тренд. Активните мерки повеќе од 60% се однесуваат на таквите лица“, вели Зиба.

Во 2015 година најмногу вработувања се реализирале преку мерката самовработување преку кредитирање и тој број е нешто поголем од 100 лица. Преку мерката самовработување преку неповратен кредит во 2016 година се вработиле 55 лица. Во Струга бројот на невработени е околу 6700  од кои 3100 се активни баратели на работа.

„Најмногу има недостаток на инженери од електро струката, технолози,машински инженери и мегатроничари.Фирмите побарале, а ние не сме успеале да најдеме.Од мајсторските струки немаме заварувачи“, вели Зиба.

Се испишуваат лица од охридскиот центар за вработување поради заминување во странство

И во Охрид е се поголем е бројот на лица кои се испишуваат од центарот поради заминување во странство вели Биткоска од охридскиот центар за вработување.

„Во последно време се поголем е бројот на луѓе кои заминуваат или веќе ни се одјавени од евиденција“, вели Биткоска.

Локалните власти во Охрид во изминатите години неколку пати изјавуваа дека отварањето на производствени капацитети на германските компании Костал и Одв Електрик ќе овозможи креирање нови работни места и сигурно подигање на стандардот на живеење,а  со тоа и намалување на невработеноста во Охрид која е најголема во Македонија.

И покрај помпезните најави од општината дека ќе се гради и индустриска зона кај локалитетот Мауцкер што дополнително требаше да ја намали невработеноста од тоа за сега нема ништо. Во Охрид и понатаму најголеми работдавачи продолжуваат да бидат јавните претпријатја и локалната и државна администрација.

Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%