ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Зголемена локална транспарентност

Дебар, Река и Центар Жупа останаа со само еден гинеколог

today28/12/2018 138

Background

Во општина Дебар со околу 20000 жители има само еден гинеколог.

Ситуацијата да е по алармантна,  дебарското гинеколошко одделение каде работи овој гинеколог, ги покрива и двете соседни општини Река и Центар Жупа. Поради тоа многу често дебарчанки за породување се препраќаат во Струга, каде тамошното гинеколошко одделние е најдобро екипирано во однос на одделенијата во останатите општини од Југозападниот дел на Македонија.

Условите таму не дека се лоши тие се добри, но нема доволно персонал. Поради тоа и законски е средено потешките случаи ние да ги праќаме на Клиниката за гинекологија во Скопје, додека другите случаи за кои имаме сомнеж дека можат да завршат оперативно ги препраќаме до најблиската болница во Струга, а каде има постојано два гинеколози и анестезилози. Аргетим Фида, приватен гинеколог, Дебар

Иако во дебарската општа болница постои гинеколошко одделение со сите неопходни технички услови за тоа, поради немањето на доволно кадар најголем дел од дебарчанки, па и од Река и Центар Жупа, се породуваат во најблиската општина, а тоа е Струга. Еден гинеколог ни оддалеку не може да одговори на потребите на цела една општина како што е Дебар. Само минатата 2016 година, 125 дебарчанки се породиле во Струга, а тоа претставува  90% од вкупниот број на породувања кои доаѓаат од овој град.

Началникот на гинеколошкото одделение во Дебар не прифати да зборува за проблемите со кои се соочуваат, исто како и од раководството на дебарската општа болница, кои не покажаа подгтовеност да зборуваат за ваквата ситуација.

Дебарчанки на породување во струшката болница Доктор Мухамед Асани , началник на Гинеколошкото одделение во струшката болница вели дека сето ова им создава проблеми, но и зголемен обем на работа.

Гледајки го бројот на пациенти кои ни доаѓаат од Дебар, имаме доста пациентки. Минатата година имавме 125 породувања, а имавме и околу 200 пациентки кои лежеле во текот на годината во нашиот одел. Знаеме дека во Дебар постои гинеколошко одделение,  но со кадар тие се слаби бидејќи таму работи само еден гинеколог и тој не може да покрие се за 24 часа.

Другиот проблем е тоа што еден дел од пациентите воопшто не одат на гинекологија во Дебар, туку тие право доаѓаат во Струга, вели Асани.

Доктор Асани додава дека со овој проблем треба да се позанимава и државата и ресорното Министерство за здравство, за како што вели,  да се регулира проблемот со пациентките кои доаѓаат од Дебар и околината.

-Нас како проблем ни се прави во оној момент кога имаме тешки пациентки, кои доѓаат од Дебар и затоа таму треба да се направи и една поубава триажа. Има пациентки кои ги носат кај нас, а потоа треба истите тие пациентки ние да ги носиме во Скопје. Од тој поглед ни се создава проблем. Ние како оддел имаме потешкотии и со просторот. Располагаме само со 23 кревети, вели Асани.

Асани објаснува дека гинеколошкото одделение работи со вкупно девет гинеколози и е најдобро екипирано одделение во овој регион на државата.

Единствено, според него, недостасува поголем простор, а за тоа  смета дека е потребна изградба на нова болница во Струга.

Матичните гинеколози од Дебар упатуваат на немањето на персонал. За ситуацијата со недостатокот на гинеколози во дебарската болница единствено јавно проговори доктор Аргетим Фида, приватен гинеколог, со матична гинеколошка амбуланта во Дебар. Тој порано работел како гинеколог на гинеколошкото одделение во Дебар и е запознаен со актуелните состојби таму. Вели дека потешките случаи ги препраќале на Клиниката за гинекологија во Скопје, додека дел во Струга.

-Условите таму не дека се лоши тие се добри, но нема доволно персонал.

Поради тоа и законски е средено потешките случаи ние да ги праќаме на Клиниката за гинекологија во Скопје, додека другите случаи за кои имаме сомнеж дека можат да завршат оперативно ги препраќаме до најблиската болница во Струга, а каде има постојано два гинеколози и анестезилози.

Додека другите случаи кои имаат едно раѓање и оние кои се денски во договор со докторот ако има можност тука се да се заврши, прва опција ни е Дебар, вели Фида.

Сепак, според Фида, не може само со еден гинеколог, со еден трансфузиолог и  анестезиолог, кои можат да бидат на годишен одмор или надвор од Дебар да функционира едно гинеколошко одделение.

-Во нашата болница треба часови да се стекне една оперативна екипа, а Струга ни е само на 30 минути. Во прашање некогаш е безбедноста на раѓањето.Не дека не сакаме ние во нашата болница да има поголем број на раѓања, вели Фида.

Во дебарската болница потребни се часови да се формира една оперативна екипа Фида уште вели дека за да се зголеми бројот на раѓања во болницата во Дебар неопходно е зголемување и на бројот на доктори гинеколози но и на анестезилози и трансфузиолози. Освен што има еден гинеколог во Дебар, има и само еден анестезилог кој многу бргу ќе се пензионира, додава тој.

-Еден гинеколог не ја прави операционата сала. Таму има доста голема екипа која треба цело време да е тука. Дали државата мисли дека тоа е моментално најнеопходно, јас мислам дека треба да се примаат уште доктори во нашата болница, да се испратат доктори на специјализација за да кадарот се освежи бидејки и така многу доктори специјалисти се пред пензија, вели Фида.

Одењето до Струга на дебарчанки и нивните семејства им создава и други проблеми, како што се дополниелните трошоци, времето потребно да се отиде до Струга како и потребата тоа да го прават и неколку пати во текот на еден месец или недела.

Државата е запознаена со проблемот на болницата во Дебар И директорот на општата болница во Струга,Ментор Ибраими вели дека ресорното Министерство за здравство е запознаено со проблемот.  Додава дека не само што неговото решавање ќе биде од корист за Дебар туку тоа ќе биде од полза и за нивната болница.

-Ние не сме регионална болница, ние сме општа болница но по извршените услуги кои ги даваме во склоп на хируршко и гинеколошко одделение излегува дека сме регионална болница, вели Ибраими.

Недостаток на гинеколози има во речиси сите општини во Југозападна Македонија Освен во Дебар ситуацијата со недостатокот на гинеколози е алармантно и во другите градови од Југозападна Македонија како што се Охрид,Кичево и Ресен. Во болницата во Охрид има четири гинеколози, во Кичево двајца,додека во Ресен нема ниту гинеколошко одделение.

Началникот на гинекологија  во Струга, Асани предупредува дека и тие би можеле да се соочат со сличен проблем поради заминувањето на тројца гинеколози – специјалисти во пензија за две години, ако во меѓу време нешто не се преземе.

-Ние имаме девет гинеколози специјалисти и двајца млади специјазанти кои се на специјализација во Скопје. Но, гледајки дека имаме тројца доктори гинеколози, кои за две три години треба да одат во пензија можеме и ние да се соочиме со недостаток. Затоа менаџерите треба да гледаат и да планираат за да не дојдеме до ситуација да останеме без доктори гинеколози, вели Асани.

Од почетокот на 2017 година во струшката болница се породиле 36 пациентки од Дебар.

Подготовката на овој материјал беше овозможена со поддршка од Британската амбасада во Македонија, во рамките на проектот Зголемена локална транспарентност и отчетност преку квалитетни медиумски содржини. Мислењата и ставовите во овој материјал не секогаш ги одразуваат  мислењата и ставовите на Британската амбасада во Македонија. 

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%